Home | Repositories | Statistics | About



Subject: транспорт, емисии на стакленички гасови, загадувачи на воздух


Year: 2019


Type: Article



Title: ТРАНСПОРТОТ ВО СКОПЈЕ – РЕАЛНОСТ И ПРЕДИЗВИЦИ


Author: Dedinec, Aleksandar
Author: Dedinec, Aleksandra
Author: Taseska-Gjorgievska, Verica
Author: Markovska, Natasha
Author: Zdraveva, Pavlina
Author: Belchovska Tasevska, Jasmina
Author: Kanevce, Gligor



Abstract: Транспортниот сектор е одговорен за една четвртина од емисиите на стакленички гасови на ниво на Европска унија, додека во Македонија неговото учество од 10% во 2012 година се зголемило на 13% во 2014 година. Значењето на овој сектор се зголемува со тоа што тој значајно придонесува и за проблемите со квалитетот на воздухот. Во Европската унија, споредено со 1990 година се забележува напредок во намалување на локалните емисиите. Во Македонија се проценува дека учеството на транспортот во вкупните национални емисии на CO и NOx изнесува 13% и 17%, соодветно. Податоците за квалитетот на воздухот за 2016 година покажуваат надминувања на годишните гранични вредности за концентрации на PM10 речиси на сите мерни места на ниво на Република Македонија, како и на концентрации на PM2,5 на двете мерни места (лоцирани во град Скопје). Во поглед на CO надминување на граничните вредности има на мерните места Лисиче во Скопје, Битола 2 и Тетово, додека на мерните места Ректорат во Скопје и Битола 1, концентрациите се многу блиску до граничните вредности. Во овој труд со помош на посебно развиена методологија во која е вклучен и моделот MARKALСкопје, оценети се 10 мерки и политики за намалување на потрошувачката на енергија, емисиите на стакленички гасови и локалните емисии од патниот транспорт. За студија на случај е земен град Скопје како најголем град во земјата, и град со најголем број на регистрирани возила (околу 36%). Анализите се направени за периодот 2012 – 2025 година преку две сценарија: референтно сценарио и сценарио кое ги вклучува предложените политики и мерки. Резултатите покажуваат дека со имплементација на сите предложени мерки може значително да се намалат емисиите во 2025 година и тоа на PM2,5 за дури 94%, додека CO и NMVOC за 78% споредено со 2015 година. За да се реализираат сценариото со сите предложени мерки потребно е во периодот до 2025 да се вложат дополнителни 686 милиони EUR споредено со референтното сценарио.


Publisher: Македонска академија на науките и уметностите


Relation: Зборник на трудови - Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?, Македонска академија на науките и уметностите



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/26415
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26415



TitleDateViews
ТРАНСПОРТОТ ВО СКОПЈЕ – РЕАЛНОСТ И ПРЕДИЗВИЦИ201929