Home | Repositories | Statistics | About



Subject: калкулатор за греење, емисии на стакленички гасови, загадувачи на воздух


Year: 2019


Type: Article



Title: МЕТОДОЛОГИЈА И Е-КАЛКУЛАТОР ЗА ГРЕЕЊЕ ВО ДОМОВИТЕ


Author: Dedinec, Aleksandra
Author: Дединец, Александар
Author: Тасеска-Ѓоргиевска, Верица
Author: Марковска, Наташа
Author: Здравева, Павлина
Author: Белчовска Тасевска, Јасмина
Author: Коцарев, Љупчо
Author: Каневче, Глигор



Abstract: Еден од значајните извори на загадување во градот Скопје е загревањето на домаќинствата. Со цел да се намали загадувањето од овој сектор, потребно е да се преземат мерки, како што се подобрување на изолацијата на домовите и промена на начинот на греење, односно на неефикасните технологии кои се користат. Во главно, најголемиот дел од средствата за реализација на ваквите мерки доаѓаат од самите граѓани. Во таа насока е и целта на развивањето на методологијата и е-калкулаторот предложени во овој труд, со што целиот концепт ќе им се доближи на граѓаните. Имено, со помош на развиената софтверска алатка им се нуди можност да оценат како одлуките за типот и дебелината на изолација и типот на технологија за греење влијаат врз вкупната потрошувачка на енергија. Заедно со тоа, се дава приказ и за влијанието на овие одлуки врз трошоците што ги има домаќинството за загревање, како и нивното влијание врз животната средина. Всушност, со помош на оваа алатка на секое поединечно домаќинство му се овозможува да согледа кој начин на загревање е најсоодветен за нив, истовремено заштедувајќи и енергија и финансиски средства, а се разбира и намалувајќи го штетното влијание врз животната средина.


Publisher: Македонска академија на науките и уметностите


Relation: Зборник на трудови - Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/26414
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26414



TitleDateViews
МЕТОДОЛОГИЈА И Е-КАЛКУЛАТОР ЗА ГРЕЕЊЕ ВО ДОМОВИТЕ201920