Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Коронарна артериска болест
Subject: Дијабет мелитус
Subject: НТ-проБНП натриуретичен пептид
Subject: аполипопротеини
Subject: нефропатија


Year: 2021


Type: Article



Title: Асоцираност на срцеви и липидни биомаркери со некои параметри кај дијабетична нефропатија кај пациенти со ДМ тип 2


Author: Penshovska Nikolova, Vera



Abstract: Вовед: Коронарната артериска болест (КАБ) е водечка причина за морталитет и морбидитет кај пациенти со Дијабетес мелитус тип2 (ДМт2). Една од дијагностичките методи за проценка на КАБ е лабораториска анализа на крв во која спаѓаат: липиден статус, срцеви маркери, микроалбуминурија и коагулационен статус. Н- Терминал про Б-тип натриуретичен пептид (НТ-проБНП) е срцев биомаркер чијашто предикторна моќ за кардиоваскуларни настани кај пациенти со ДМт2 е таргет на оваа студија. Аполипопротеини А и Б се липидни биомаркери кои корелираат со атеросклероза и се фактори за кардиоваскуларни настани. Дијабетичната нефропатија е хронична компликација на ДМ која води до терминален стадиум на хронична бубрежна инсуфициенција (ХБИ) и е силно асоцирана со присуство на КАБ. Цел: Целта на оваа студија е да се утврди асоцираност на срцевите и липидните маркери Аполипопротеин А1 (АпоА1), Аполипопротеин Б (АпоБ) и Н-терминал про Бтип натриуретичен пептид (Нт-проБНП) со некои параметри на дијабетична нефропатија како нивото на бубрежна функција и протеинурија кај ДМт2 пациенти со дијабетична нефропатија. Материјали и методи: Обработени се 34 пациенти со ДМ т2 и дијабетична нефропатија Користена е дескриптивна статистика и пропорции за споредба на различни параметри на дијабетичната нефропатија (ниво на бубрежна функција и протеинурија) со срцевите и липидните биомаркери. Пациентите се инаку дел од поголема проспективна, кохортна, опсервациска студија која вклучува 150 пациенти од 30 до 75 годишна возраст во период од 12 месеци. Пациентите беа поделени во 2 групи, група со дијабетична нефропатија и група на пациенти со дијабет, а без нефропатија. Испитаниците беа повикувани за лабораториски иследувања секои 3 месеци во првата година. Се следеше промената на НТ-проБНП и аполипопротеини А1 И Б. Резултати: Обработени се пациентите кои се дел од поголема студија, вкупно 34 со дијабетична нефропатија. Со оглед на тоа што мал дел од пациентите имаа еГФР над 60 мл/мин, целата група беше поделена според еГФР на група со еГФР≤ 45 мл/мин, и група со еГФР 45 мл/мин. Со оглед на тоа што се работи за постара група на пациенти, оваа поделба на еГФР е сосема прифатлива. Липидниот маркер ApoLpA1 имаше нормални вредности кај сите пациенти, па така и во споредба на овие две групи не покажа сигнификантна разлика. Липидниот маркер ApoLpB кој покажуваше зголемени вредности кај некои пациенти, сепак во споредба со еГФР, не покажа сигнификантна разлика меѓу двете групи на пациенти. Срцевиот маркер ntProBNP исто така не покажа сигнификантна разлика во однос на групите поделени според еГФР . Но, кога пациентите ги поделивме според протеинуријата, на група со протеинурија до 0,3 г/ден и група со протеинурија 0,3 г/ден, тогаш се појави значајна разлика само за ntProBNP (сигнификантно повисоко кај групата со повисока протеинурија). И тука, apo LpA и apo LpB не покажаа сигнификантна разлика меѓу групите. Заклучок: Бидејќи протеинуријата е претходник на намалување на еГФР кај дијабетична нефропатија, срцевиот биомаркер ntProBNP може да се смета и за ран маркер на дијабетичната нефропатија.


Publisher: SHMSHM / AAMD


Relation: Medicus



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/26310
Identifier: 1409-6366
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26310



TitleDateViews
Асоцираност на срцеви и липидни биомаркери со некои параметри кај дијабетична нефропатија кај пациенти со ДМ тип 2202125