Home | Repositories | Statistics | About



Subject: талус
Subject: оперативен третман
Subject: незадоволителен исход


Year: 2020


Type: Article



Title: Оперативен третман на скршеници на талус – 3 годишно искуство на Клиниката за трауматологија при ЈЗУ ТОАРИЛУЦ


Author: Mihajlova Ilie, Radmila Mila
Author: Memeti, Mualјa
Author: Memeti, Vulnet
Author: Krstevski, Stefan
Author: Demiri, Ismet



Abstract: Скршеници на талусот се несекојдневни, претставуваат околу 0,1% од сите скршеници. По калканеусот, талусот е најчесто скршена коска од тарзусот. Фрактурите на вратот се околу 50% од сите фрактури на талусот, односно 45% според студијата на Elgafy et al (2000). Meнаџирањето на овие фрактури е голем предизвик од повеќе аспекти. Анатомска редукција на скршеници на талус е неопходна поради тоа што поголемиот дел од површината е зглобна и оптеретувачка површина. На клиниката за Трауматологија во периодот 2017 до 2020 година, беа хирушки третирани 14 скршеници на талус. Од нив 10 беа машки пациенти, а 4 женски пациенти. Средна возраст на пациентите беше 44 години. Во оваа студија беа вклучени само пациенти кои ги исполнија инклузионите услови, оперативно третирани скршеници и потпишана согласност за учество во истражувањето. Кај сите пациенти се направи крвава репозиција и остеосинтеза со шрафови или реконструктивна плочка. Постоперативно сите пациенти беа имобилизирани со гипс имобилизација во тек на следните 14дена. Сите пациенти постоперативно беа на терапија со LMWH, антибиотска терапија во тек на 5 дена и аналгетска терапија. Од 14 испитаници, одличен резултат имаше кај 2-ца пациенти, а добар резултат кај 8 пациенти, незадоволителен резултат кај 3-ца пациенти и лош кај еден пациент. Оваа повреда е многу ретка за да се изнесат и споредат поголеми студии. Сепак сите поголеми студии од референтни траума центри водат кон истиот заклучок, а тоа е дека менаџментот на овие фрактури е комплексен, зависи многу од постигнување на апсолутна анатомска редукција, но исходот сепак и тогаш може да не е задоволитен поради сложената биологија на оваа тарзална коска.


Publisher: SHMSHM - AAMD


Relation: Medicus



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/25913
Identifier: 1409-6366
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25913



TitleDateViews
Оперативен третман на скршеници на талус – 3 годишно искуство на Клиниката за трауматологија при ЈЗУ ТОАРИЛУЦ202031