Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Финансиска криза од 2008 година
Subject: деривати
Subject: исламски финансиски систем
Subject: исламски финансиски инструменти


Year: 2019


Type: Article



Title: Исламската економија како алтернативен пристап во справување со финансиските кризи во иднина


Author: Trenovski, Borce
Author: Merdzan, Gunter



Abstract: Финансиската криза од 2008 година беше најсериозната криза после Големата депресија. Во основата на глобалната криза која се појави во САД, а потоа се прошири низ целиот свет се наоѓаше најголемиот станбен и кредитен балон. Иако во основата се наоѓаше балонот во цените на недвижностите, главните причини за појавата на ваква финансиска и економска криза од глобални размери во основа се наоѓаа во финансиските иновации, системот на контрола и супервизија во финансискиот сектор, „гладта“ за профит, глобалните економски дебаланси и релаксираните монетарни политики во периодот пред кризата. Анализата во трудот покажа дека со цел да се избегне некоја идна криза која ќе има многу посериозни последици врз глобалната економија, потребно е да се направат сериозни промени кои ќе ја вратат дисциплината во финансискиот систем и ќе елиминираат дел од нееднаквостите и неусогласеностите во елементите на актуелниот финансиски систем. Имајќи ги предвид претходно наведените причини за појавата на глобалната економска и финансиска криза од 2008 год. и ефектите од истата во трудот исто така се обидуваме да ги анализираме и посочиме потенцијалните елементи во исламската економија и финансии кои можат да елиминираат голем дел од недостатоците во тековниот финансиски систем и да се појават како алтернатива на конвенционалните финансии.


Publisher: Економски факултет - Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет - Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/25760
Identifier: 0489-0922
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25760



TitleDateViews
Исламската економија како алтернативен пристап во справување со финансиските кризи во иднина201923