Home | Repositories | Statistics | About



Subject: меѓународна надлежност, колизиони норми, обврска за издршка, ЗМПП, Хашката конвенција од 2007 година, Хашкиот протокол од 2007 година, Регулативата бр. 4/2009


Year: 2018


Type: Other



Title: Предизвици на македонското законодавство во делот на прекуграничната наплата на обврската за издршка


Author: Rumenov, Ilija



Abstract: Правните правила на Република Македонија кои се однесуваат на прекугранична наплата на побарувањата за издршка се повеќе или помалку непроменети од донесувањето на Законот за решавањето на судирот на законите со прописите на другите држави (ЗРСЗ) од 1982 година. Тоа значи дека одредбите за определување на меѓународна надлежност и колизионите норми во Законот за меѓународно приватно право на Република Македонија (ЗМПП) полнат 35 години. Во меѓувреме Хашката конференција за меѓународно приватно право во рамките на своите овластувања создаде два нови меѓународни договора: Хашката конвенција за меѓународна наплата на издршка на децата и други форми на семејна издршка од 2007 година и Хашкиот Протокол за меродавното право на обврската за издршка од 2007 година кои предвидуваат нови правила за определувањето на меродавното право. Во исто време, Европската унија ја донесе Регулативата бр. 4/2009 која содржи правила за определувањето на надлежноста, меродавното право, признавањето и извршувањето на странските одлуки и соработката во делот на обврската за издршка. Во овој контекст, Република Македонија (како држава кандидат за членство во ЕУ) се соочува со современи предизвици да го прилагоди својот правен систем на овие нови јурисдикциони критериуми и колизиони норми создадени во рамките на Хашката конференција и ЕУ. Овој труд најпрвин ќе даде краток осврт на постојните правила во Законот за меѓународно приватно право од 2007 година кои се однесуваат на обврската за издршка во Република Македонија и ќе ги спореди со правните правила предвидени во Хашките конвенции и регулативите на ЕУ и второ ќе се осврне на околностите кои и стојат на патот на Република Македонија во адаптирањето на правниот систем со правилата на Хашката конференција и ЕУ


Publisher: Институт за правно-економски истражувања и едукација Јуридика Прима


Relation: 4-та меѓународна научна конференција Охридска школа на правото – 2018 „Реформите во правото: чекор поблиску до владеењето на правото“ 10-13 Мај, 2018 година, Охрид Излагање на тема „Предизвици на македонското законодавство во делот на прекуграничната наплата на обврската за издршка(Апстракт)“



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/25501
Identifier: Руменов И., Предизвици на македонското законодавство во делот на прекуграничната наплата на обврската за издршка, (Апстракт), Скопје, 2018
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25501



TitleDateViews
Предизвици на македонското законодавство во делот на прекуграничната наплата на обврската за издршка201837