Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2021


Type: Book chapter



Title: Делејќи го „своето“: преговорите за поделба на Македонија меѓу балканските држави


Author: Јовановски, Далибор



Abstract: Втората половина на XIX век и почетокот на 20 век на Балканот се карактеристични со силниот развој на национализмите во новите балкански држави и на нивните национални програми и идеологии. Исто така, ова е период кога започнале и се одвивале преговорите за склучување сојузи меѓу балканските држави против Османлиското Царство, но и период кога се одвивале преговори за поделба на Македонија на сфери на интерес. Преговорите за поделба на Македонија на сфери на интерес не биле случајни. И покрај фактот дека Македонија речиси и да ја немало во почетната фаза од развојот на грчкиот и на српскиот национализам, таа постепено станува територија врз која започнале да покажуваат аспирации, втемелени врз историското право и вградени во националните програми, трите балкански држави, прво Грција и Србија, а потоа и Бугарија.


Publisher: Македонска Академија на Науките и Уметностите


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/25331
Identifier: Јовановски, Д. (2021). Делејќи го „своето“: преговорите за поделба на Македонија меѓу балканските држави. In Ќулавкова, К. (ур.). Прилози за историјата на Македонија и македонската култура. Скопје: Македонска академија на науките и уметноститe, pp. 219-242.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25331



TitleDateViews
Делејќи го „своето“: преговорите за поделба на Македонија меѓу балканските држави202133