Subject: картички за лојалност, демографски карактеристики, малопродажен објект
Year: 2018
Type: Article
Title: АНАЛИЗА НА СТАВОВИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО РАЗЛИЧНИ ДЕМОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ВО ОДНОС НА КАРТИЧКИТЕ ЗА ЛОЈАЛНОСТ
Author: Брзовска, Ежени
Abstract: Постоењето на се поголем број на малопродажни објекти за производи за широка потрошувачка го зголеми значењето на картичките за лојалност кои допринесуваат за поголемо задоволство на потрошувачите. Во периоди на изразена конкуренција и зголемени очекувања на потрошувачите, малопродажните објекти се заинтересирани за задржување на постоечките потрошувачи. Ефектот од картичките за лојалност e модериран од карактеристиките на потрошувачите, и се очекува да има соодветно влијание во однос на бројот на посети и трошењата во малопродажните објекти. Целта на трудот е да се детерминираат статистички значајните разлики кај потрошувачите со различни демографски карактеристики во однос на ставовите за прифатеноста на картичките за лојалност. Kruskal – Wallis тестот покажа статистички значајни разлики во однос на ставовите на потрошувачите за прифатеноста на картичките за лојалноста кај полот, возраста и приходите на испитаниците. Соодветно имплемтирање на потребите на целните групи може да допринесе за поголемо задоволство од користењето на картичките за лојалност од страна на потрошувачите..
Publisher: Економски факултет Скопје
Relation: Годишник при Економски факултет - Скопје
Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/25292
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25292