Home | Repositories | Statistics | About



Subject: политика за заштита на конкуренцијата, пазарна конкуренција, благосостојба на потрошувачите


Year: 2019


Type: Journal Article



Title: Креирање и примена на политиката за заштита на конкуренцијата во македонската економија: формално исполнување на домашната задача во процесот на интеграција кон ЕУ или реална потреба од поголема пазарна конкуренција


Author: Мамучевска Даниела



Abstract: Со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во април 2001 година, со членовите 39, 69 и 70 од овој документ, Република Северна Македонија се обврза за развој на соодветна регулатива за сеопфатна борба против ограничувањата на пазарна конкуренција во домашната економија и монополското однесување. Водени од активностите и преземените задачи во процесот на асоцијативно членство кон Европската Унија, во 2010 година се донесе нов Закон за заштита на конкуренцијата (Сл. Весник на РМ бр.145/10 од 28.2.2010) кој во значителен степен беше усогласен со европската антитрустовска легислатива и се создадоа услови за соодветен институционален развој на политиката за заштита на конкуренцијата. Меѓутоа, и по речиси една декада од донесувањето на ‘современиот’ Закон за заштита на конкуренцијата, оваа политика остана на нивото на ‘концепт’ во напорите за поттикнување на пазарната конкуренција. Институционалната потентност поддржана од несоодветните финансиски ресурси и административен капацитет ја направи оваа политика без свој лик и кредибилитет пред пошироката деловна и стручна јавност. Оттука, целта на овој труд е преку емпириска анализа на работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која го опфаќа периодот од 2010 до 2018 година, да ги долови клучните слабости во примената на политиката за заштита на конкуренцијата и да даде конкретни препораки и сугестии за надминување на истите.


Publisher: Македонска Академија На Науките и Уметностите, МАНУ - Скопје


Relation: Прилози;XLIX 1-2 2018



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/25288
Identifier: 0350-1698
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25288



TitleDateViews
Креирање и примена на политиката за заштита на конкуренцијата во македонската економија: формално исполнување на домашната задача во процесот на интеграција кон ЕУ или реална потреба од поголема пазарна конкуренција201925