Home | Repositories | Statistics | About



Subject: евиденцијален маркер, глаголско време, сон


Year: 2020


Type: Article



Title: За употребата на глаголските времиња во македонскиот јазик при раскажувањето сонови


Author: Грујовска-Миланова, Сашка



Abstract: Македонскиот јазик спаѓа во јазиците во кои евиденцијалноста може да се маркира, покрај со лексички, и со граматички јазични средства. Граматичките морфеми, со кои се маркира евиденцијалноста во македонскиот јазик, истовремено ја означуваат и граматичката категорија време. Дел од наставките за глаголските времиња се користат како евиденцијални маркери за означување засведочени дејства, а дел од нив како евиденцијални маркери за означување незасведочени дејства. Посебен вид маркери за евиденцијалност се јазичните средства со кои се означува раскажувањето сонови. Во трудот се разгледува дали во македонскиот јазик при раскажувањето сонови се употребуваат глаголските времиња што се користат за раскажување засведочени настани или глаголските времиња што се користат при прекажување незасведочени настани.


Publisher: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Relation: Зборник на трудови. Меѓународна научна конференција Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања, Скопје, 13−14 ноември 2019.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/24767
Identifier: 978-608-220-069-9
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24767



TitleDateViews
За употребата на глаголските времиња во македонскиот јазик при раскажувањето сонови202020