Home | Repositories | Statistics | About



Subject: HCCH, Statute of the HCCH, Private international law, International organization


Year: 2021


Type: Journal Article



Title: СТРУКТУРАЛНАТА ПОСТАВЕНОСТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РАМКИТЕ НА ХАШКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО: ПАРТНЕРИ ИЛИ СОПЕРНИЦИ?


Author: Gavroska, Poliksena
Author: Rumenov, Ilija



Abstract: Ретко која меѓународна организација има толку влијание во фузионирањето и развојот на една правна наука како што тоа го прави Хашката конференција за меѓународно приватно право. Денеска сме сведоци на едни нови предизвици пред кои се наоѓа меѓународното приватно право, а кои се предизвикани од зголемените надлежности што Европската Унија ги има во овој сегмент. Неизбежно е прашањето, каква е иднината на Хашката конференција за МПП наспроти оваа позиција на ЕУ во сегментот на МПП, можат ли двете заедно да коегзистираат и соработуваат или пак, меѓусебната интерференција во надлежностите го загрозува постоењето на Хашката конференција за МПП? Хашката конференција за меѓународно приватно право е поединечната најзначајна меѓународна оргнизација што се занимава со донесување на правила од областа на меѓународното приватно право со кои се олеснува секојдневниот живот на милиони луѓе, распространети на сите континенти. Посебна специфичност на оваа меѓународна организација во изминатите 120 години претставува тоа што со својата универзалност успеа да надмине две светски војни, да надмине многу политички, религиозни, општествени разлики и да ја разбуди свеста на многу држави дека регулирањето на судирот на јурисдикциите, судирот на законите, прекуграничната соработка претставуваат основ за создавање на еден „помал“ и посигурен свет. Во овие 120 години од нејзиното постоење, многу работи во меѓународното приватно право се промениле, многу точки на врзување добивале и губеле на значење, определени колизиони норми се издвоиле и станале посебни, сѐ повеќе добивала на значење прекуграничната соработка во судските спорови, се олеснила егзекватурата на странските судски одлуки. Во поголем број од овие промени, свое влијание директно или индиректно има Хашката конференција за МПП. Голем број држави, прифаќајќи ги идеите на Хашката конференција за МПП, инкорпорирајќи ги во своите национални закони за МПП јурисдикционите критериуми, точките на врзување и одредбите кои се предвидуваат во конвенциите, се под директно влијание на оваа меѓународна организација. Во последните години пак, сме сведоци на една нова насока што ја добива МПП, а тоа е комунитаризацијата на правилата со кои се регулираат проблематиките од областа на МПП помеѓу државите членки на ЕУ. Тоа неминовно го наметнува прашањето за односот помеѓу Хашката конференција за МПП и Европската Унија, меѓутоа не толку од аспект на правилата со кои се уредува МПП, туку од аспект на структуралната поставеност на ЕУ во рамките на Хашката конференција. Ова прашање е доста значајно ако се земе предвид тоа што Република Македонија има статус на држава кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а е членка на Хашката конференција за МПП од 1993 година.


Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје


Relation: Том 59;



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/24687
Identifier: Гавроска, П., Руменов И., СТРУКТУРАЛНАТА ПОСТАВЕНОСТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РАМКИТЕ НА ХАШКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО: ПАРТНЕРИ ИЛИ СОПЕРНИЦИ?, Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје во чест на проф. д-р Гале Галев, Скопје, 2021
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24687



TitleDateViews
СТРУКТУРАЛНАТА ПОСТАВЕНОСТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РАМКИТЕ НА ХАШКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО: ПАРТНЕРИ ИЛИ СОПЕРНИЦИ?202126