Home | Repositories | Statistics | About



Subject: основно образование, ученици со моторни нарушувања, наставни средства, помагала во наставата


Year: 2021


Type: Journal Article



Title: Специфичности во примената на наставните средства и специфични помагала во наставата за учениците со моторни нарушувања


Author: Рашиќ Цаневска, Оливера
Author: Чичевска Јованова, Наташа



Abstract: Иако за училиштето размислуваме како за статична институција, сепак образованието го доживува својот подем и се менува, вклучувајќи го и образованието на деца со попреченост. Со донесување на Законот за образование во 2019 година, во Р Македонија започнува процесот на потполна инклузија, што значи дека основното образование е институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој поддржува вклучување на сите ученици во редовното основно образование. По предлог на Бирото за развој на образованието, министерот за образование и наука утврди НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ за простор, опрема и наставни средства за основно училиште во Република Северна Македонија. Иако за учениците со ПОП е наведено дека ќе се користат специјализирани наставни средства и учебни помагала како и асистивна технологија во зависност од индивидуалните можности, способности и потреби на ученикот со попреченост, сепак опфатеноста во програмските документи е општа. Оттука произлезе потребата од пишување на овој труд, да се допрецизираат специфичностите во користењето на наставните средства и помагала во инклузивна училница. т.е. на кој начин наставните средства и учебни помагала кои се предвидени за учениците со типичен развој ќе станат специјализирани, и кои специфични наставни средства, посебни учебни помагала и асистивна технологија се потребни за ученикот со моторни нарушувања.


Publisher: Филозофски факултет, УКИМ, Скопје


Relation: Годишен зборник на Филозофскиот факултет/The Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/24585
Identifier: Рашиќ Цаневска, О., Чичевска Јованова, Н. (2021). “Специфичности во примената на наставните средства и специфични помагала во наставата за учениците со моторни нарушувања“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет / Annuaire de la Faculté de Philosophie 74, pp. 625-637.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24585
Identifier: 10.37510/godzbo2174625rc
Identifier: 74
Identifier: 625
Identifier: 637



TitleDateViews
Специфичности во примената на наставните средства и специфични помагала во наставата за учениците со моторни нарушувања202132