Year: 2018
Type: Article
Title: Токсични елементи во ориз, пченично брашно и производи од брашно од македонскиот пазар
Author: Надица Тодоровска
Author: Сузана Диневска Ќовкаровска
Author: Орце Поповски
Author: Елисавета Стикова
Abstract: Безбедноста на житата и житните производи е од големо нутритивно и токсиколошко значење, бидејќи житната индустрија и нејзините производи имаат голема економска и социјална важност на светско ниво. Во ова пилот истражување е испитана концентрацијата на токсичните елементи во траги арсен, кадмиум и олово, во три мостри од различни производители на ориз: 11,67+5,69mg/kg, 25,67+6,43mg/kg, 47,67+18,01mg/kg, пченично брашно: 7+5mg/kg, 9+1,73mg/kg, 69,92+16,92mg/kg за As, Cd и Pb, соодветно, и производи од брашно (леб: 9,33+2,08mg/kg, 6,67+0,58mg/kg, 36+3,6mg/kg, тестенини: 1,61+1,15mg/kg, 2,67+2,08mg/kg, 30+7mg/kg и чајни колачи: 4,67+4,04mg/kg, 1,33+0,58mg/kg, 53+9,64mg/kg за As, Cd и Pb, соодветно) од македонскиот пазар, со употреба на хидридно генерирачка и електротермичка атомска апсорпциона спектрометрија со мокра дигестија. Извршена е пресметка на учеството во просечниот дневен внес за токсични елементи внесени преку дневна консумација на жито и производи од жито (20% од целодневниот оброк). Придонесот на As (9,86%), Cd (10,02%) и Pb (11,39 %) спореден со просечниот дневен внес и прифатливиот толериран дневен внес, PTDI, беше низок, што покажува дека овие производи се безбедни за употреба во однос на испитаните токсични елементи. Нивоата на токсичните елементи во мострите на македонскиот ориз, пченично брашно и производи од брашно се споредливи со резултатите добиени од различни делови од светот и нивниот внес не претставува здравствен ризик за потрошувачите.
Publisher: Institute of Public Health of the Republic of Macedonia/Scientific Foundation SPIROSKI
Relation: Archives of Public Health
Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/24050
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24050Identifier: 10.3889/aph.2018.2244
Identifier: https://www.id-press.eu/aph/article/download/2244/2564Identifier: https://www.id-press.eu/aph/article/download/2244/2564Identifier: 10
Identifier: 2
Identifier: 58
Identifier: 63