Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2001


Type: Proceeding article



Title: Комбинрани повреди на око


Author: Челева Марковска В.
Author: Арнаудовски З.
Author: Дума Х.



Abstract: Под комбинирана повреда се разбира политраума настаната со дејство од два или повеќе фактори. Основни патогенетски фактори се: механички, термички, хемиски, радијациски, фото и биолошки фактори. Во воено време при употреба на конвенционално оружје најчесто се сречаваат комбинирани повреди од еден, два или три причиители и тоа механички, термички или хемиски. Многу запаливи и горечки смеси се користат во склоп на експлозивното полнење поради што најчесто настануваат механичко-термичко-хемиски оштетувања. Цел: Приказ на пациенти со комбинирани повреди лекувани амбулантски и болнички на Клиниката за очни болести во периодот од март до крајот на август 2001. Амбулантски и хоспитално се лекувани 15 пациенти со бројни оштетувања од импрегнација на разни честички меќу кои и барутни честички на аднексите и на очното јаболко, комбинирано со коагулациона некроза на роговицата и спојницата. Дискусија: Комбинираните механичко-термичко-хемиски повреди беа најчесто лекувани повреди на клиниката за очни болести во овој период. Повредите беа од полесен степен поради што по инструменталното отстранување на страните тела од роговицата и спојницата заедно со пролонгирана лаважа до неутрализација на истите и антибиотски третман по неколку дневна задолжителна опсервација, лекувањето беше завршено успешно. Зклучок: Ургентното испирање со физиолошки раствор или 3% борна киселина, употребата на антибиотски масти уште во првите санитетски етапи и навременото тријажирање до офталмолог допринесуваат за поволна прогноза без траен инвалидитет на овој вид на повреди.


Publisher:


Relation: Хируршки семинар за повреди здобиени во воени конфликти



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/23726
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23726



TitleDateViews
Комбинрани повреди на око200124