Home | Repositories | Statistics | About



Subject: млечни крави, мастит, оксидативен стрес, супероксид дисмутаза, глутатион пероксидаза


Year: 2015


Type: Thesis



Title: ИСПИТУВАЊЕ НА ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ ОКСИДАТИВНИОТ СТРЕС И МАСТИТОТ КАЈ МЛЕЧНИ КРАВИ ВО РАНА ЛАКТАЦИЈА


Author: Dimitar Nakov



Abstract: Во периодот на рана лактација во организмот на млечните крави настануваат важни метаболички промени кои може да доведат до појава на оксидативен стрес. Направени се двегодишни проспективни истражувања за утврдување на поврзаноста меѓу активноста на антиоксидативните ензими супероксид дисмутаза (SOD) и глутатион пероксидаза (GPx) во крвниот и млечниот серум на кравите и појавата на здравствени нарушувања на млечната жлезда и тоа: здрави КМТ(-) крави и заболени КМТ(+) крави (врз основа на позитивна или негативна реакција на калифорнија маститис тестот). КМТ(+) крави беа поделени на крави со нарушена секреција на млечната жлезда (НС) и крави со интрамамарна инфекција (ИМИ). Вкупно беа следени 211 млечни крави по сезони во годините на телење. Во текот на опсервираниот период по сезони на телење беа направени повторливи мерења на активноста на SOD и GPx во крвниот и млечниот серум на кравите во периодот 21. ден пред телење, периодот од почетокот на лактацијата до 21. ден во лактацијата и периодот од 22. до 42. ден во лактацијата. Беше следена и дневната млечност на кравите во тест денот при првата, втората и третата контрола на млеко. Вкупната преваленција на КМТ(+) крави изнесуваше 43,13%. Преваленцијата на НС и ИМИ изнесуваше 23,70% и 19,43%, соодветно. Кај 45,05% од КМТ(+) крави микробиолошки беше утврдено постоење на ИМИ. Вкупно беа утврдени 162 четвртинки на млечната жлезда со КМТ(+) реакција. Од нив, 56,17% беа микробиолошки негативни. Сензитивноста на калифорнија маститис тестот за откривање на интрамамарните инфекции изнесуваше 43,83% Сезоните во годините на телење покажаа статистички значајно влијание (p<0,001) на активноста на SOD и GPx во крвниот и млечниот серум на кравите. Здравствените нарушувања на млечната жлезда покажаа статистички значајно влијание на активноста на GPx во крвниот серум (p<0,001) и GPx во млечниот серум (p<0,05), додека не покажаа статистички значајно влијание на активноста на SOD во крвниот и млечниот серум на кравите. Периодите пред и по телење кога се земани примероците од крв и од млеко, покажаа статистички значајно влијание (p<0,001) на активноста на SOD и GPx во крвниот серум, но не и на активноста на SOD и GPx во млечниот серум. Млечноста на кравите покажа статистички значајно влијание (p<0,05) на активноста на GPx во млечниот серум. Одредувањето на активноста на GPx во крвниот и млечниот серум на кравите може да биде дијагностичка алатка за откривање на кравите со здравствени нарушувања на млечната жлезда во периодот на рана лактација.


Publisher: Факултет за земјоделски науки и храна во Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/2367
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2367



TitleDateViews
ИСПИТУВАЊЕ НА ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ ОКСИДАТИВНИОТ СТРЕС И МАСТИТОТ КАЈ МЛЕЧНИ КРАВИ ВО РАНА ЛАКТАЦИЈА201524