Home | Repositories | Statistics | About



Subject: увеит
Subject: јувенилен идиопатски артрит
Subject: моноартикуларна форма
Subject: ANA


Year: 2022


Type: Proceeding article



Title: ЈУВЕНИЛЕН ИДИОПАТСКИ АРТРИТ КАЈ 10-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ дијагностициран преку хроничен, серофибринозен билатерален увеит


Author: Челева Марковска В.
Author: Пандилов С.
Author: Трпеска Бошкоска А.



Abstract: Резиме Вовед: преден увеит е често асоциран со јувенилен идиопатски артрит (ЈИА), најчесто кај моно и олигоартикуларната форма од заболувањето. Ризик-фактор за настанување на заболувањето се женски пол, позитивни ANA и негативен реума-фактор. Ненавремено третираните случаи пројавуваат многубројни офталолошки компликации како: задни си- нехии, секундрна катаракта, макуларен едем и глауком. Цел: да се прикаже случај на хроничен билатерален серофибринозен увеит, дијагностици- ран шест години по анкилоза на лакотен зглоб кај 10-годишно девојче, ретроградно пос- тавена дијагноза на ЈИА. Приказ на случај: десетгодишно девојче беше евалуирана на ЈЗУ УК за очни болести во Скопје преку: анамнеза, физикален и офталмолошки преглед, фундус-фотографија, оптичка кохерентна томографија на заеден сегмент, ехографија на око и лабораториски иследувања (ККС, ANA, RF, еритроцитна седиментација, CRP, HLA-B27 типизација, АСЕ). Испитувањата потврдија билатерален серофибринозен увеит, со ендотелни преципитати и задни синехии што се распределени по целата пупиларна циркумференција. За хро- ницитетот на процесот укажа присутната појасеста (band) дегенерација на корнеа, обо- страно на 3 и 9 h. Ехографски е потврден витрит на левото око, со отежната фундоскопска егзаминација. Биохемиските анализи потврдија позитивни ANA, а негативни HLA-B27 и RF, со што се воспостави дијагнозата. Пациентката е поставена на локална и системска кортикостероидна и имуномодулаторна терапија во консултација со педијатар-ревматолог и сè уште редовно се следи. Заклучок: зглобната афекција во детска возраст треба внимателно да се евалуира за навремено исклучување на ЈИА, со цел превенирање на многубројни системски и оф- талмолошки компликации, кои најчесто имаат торпиден, подмолен тек до напреднати фази на заболувањето. Мултидисциплинарниот пристап и редовните офталмолошки кон- троли кај пациенти со ЈИА се од исклучителна важност за правилно менаџирање на оваа состојба.


Publisher:


Relation: V конгрес на офталмолозите на Македонија со меѓународно учество



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/23542
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23542



TitleDateViews
ЈУВЕНИЛЕН ИДИОПАТСКИ АРТРИТ КАЈ 10-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ дијагностициран преку хроничен, серофибринозен билатерален увеит202227