Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2009


Type: Proceeding article



Title: Испитување на солзниот филм кај птеригиум и по хирушка ексцизија на исиот со примена на слободен коњуктивален автотрансплантат


Author: Челева Марковска В.
Author: Антова Велевска М
Author: Ивановска М
Author: Јорданова Димовска В.



Abstract: Цел: Да се одреди состојбата на солзниот филм кај пациенти со едностран птеригиум пред и после хируршкото отстранување со примена на конјунктивален слободен автотрансплантат од долната темпорална конјунктива. Метод: иследувани се 25 пациенти со едностран примарен птеригиум. Солзниот филм е испитуван предоперативно и по еден месец од извршената ексцизија на птеригиумот со модификација на реконструктивната метода на слободна конјунктивална автотрансплантација со примена на графт од долната темпорална булбарна конјунктива.Schirmer-овиот тест со и без локален анестетик и тестот за прекршување на солзниот филм се тестовите со кои се испитува состојбата на солзниот филм кај здравото око, окото со птеригиум и постоперативно кај истите пациенти. Резултати: Средното време на тестот на прекршување на солзниот филм е 13,4 сек кај здравото око (10,7 сек.-16.2 сек). Кај пациентите со птеригиум ова време беше значајно пократко и до 5,6 сек.(9,7 +/- 4,1), додека постоперативно после еден месец по хируршката екцизија средното време на прекршување на солзниот филм беше значајно продолжено (11,4+/- 2,7 сек.) Кај Schirmer-овиот тест со употреба на локален анестетик навлажнувањето на филтер хартијата изнесуваше 16 мм ( од 14 мм до 18 мм) кај здравото око и 4,8 мм (од 3мм до 6,6 мм ) кај очите со птеригиум. Постоперативно навлажнувањето на Wathman филтер хартијата се зголеми и изнесуваше средно 15,5 мм (од14 мм до17 мм) додека вредностите на Schirmer-овиот тест без употреба на локален анестетик не се разликуваат значајно пред и пост оперативно кај очите со птеригиум. Заклучок: Состојбата на солзниот филм кај пациенти со примарен птеригиум се подобрува пост оперативно после ексцизија со слободна конјунктивална автотрансплантација од долната булбарна темпорална конјунктива , со што се укажува на корелацијата на птеригиумот и сувото око.


Publisher:


Relation: Втор македонски офталмолошки конгрес со меѓународно учество



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/23455
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23455



TitleDateViews
Испитување на солзниот филм кај птеригиум и по хирушка ексцизија на исиот со примена на слободен коњуктивален автотрансплантат200919