Home | Repositories | Statistics | About



Subject: КТ
Subject: ПЕТ/КТ
Subject: карцином на колон
Subject: карцином на ректум
Subject: рецидивантен колоректален карцином
Subject: следење на пациенти со колоректален карцином


Year: 2022


Type: Thesis



Title: Рана постоперативна позитронско-емисиона томографија/ компјутеризирана томографија кај пациенти со колоректален карцином во стадиум III од болеста


Author: Горан Спиров



Abstract: Вовед: Современиот пристап во следење на пациентите со колоректален карцином вклучува физикален преглед, колоноскопија, одредување на ЦЕА тумор маркер во крвта и КТ преглед. Сепак, постојат повеќе клинички сценарија кога дополнителните иследувања се неопходни. 18ФДГ ПЕТ/КТ е хибриден метод на визуелизација кој овозможува приказ на метаболизмот на ткивата и споредба со морфолошките карактеристики прикажани на КТ. Сé почесто се користи во одредување на стадиумот на болеста, реевалуација на стадиумот на болеста и следење на одговор на терапијата кај пациенти со малигно заболување. ЦЕЛ: Целта на оваа студија е да ја утврди користа од ПЕТ/КТ прегледот во разрешување на клинички дилеми кои се јавуваат при следење на пациенти со колоректален карцином. Материјал и метод: Студијата е ретроспективна проспективна и вклучува испитаници со колоректален карцином во стадиум III од болеста кај кои е направен постоперативен ПЕТ/КТ преглед поради сомнение за рецидивантна болест. Кај сите испитаници болеста се следи според општо прифатен протокол. Испитаниците се упатени на ПЕТ/КТ преглед од страна на онколог поради: 1. лезии детектирани со КТ, суспектни за локален рецидив/секундарен депозит, 2. пораст на нивото на ЦЕА во крвта со уреден наод од КТ или 3. клиничко сомнение за рецидивантна болест, но со уреден наод од KT и ЦЕА тумор маркер во референтни граници. Користени фактори на исклучување во истражувањето се: синхроно / метахроно малигно заболување, како и неоадјувантна хемо или радиотерапија. Специјалист по нуклеарна медицина и радиолог вршат интерпретација на наодот од ПЕТ/КТ прегледот. Детектираната рецидивантна болест е потврдена со хистопатолошка анализа на примерок добиен од кор биопсија или со оперативен третман, КТ, МР или контролен преглед после завршен конзервативен третман. Контролен КТ или ПЕТ/КТ преглед се користи за потврда на негативен ПЕТ/КТ наод во период од 6-9 месеци. Во истражувањето се пресметани 1. сензитивност, 2. специфичност, 3. позитивна и негативна предиктивна вредност, и 4. точност на ПЕТ/КТ во детекција на рецидивантната болест. Исто така, тестирано е постоење на поврзаност меѓу возраста и стадиумот на болеста со појавата на рецидивантна болест. Резултати: Студијата вклучува вкупно 55 испитаници, на возраст од 56,8 години (опсег 27-81) од кои 33 (60%) се мажи. Според хистопатолошкиот наод 4 (7,3%) испитаници се во стадиум IIIA, 36 (65,5%) во стадиум IIIB и 15 (27,2%) во стадиум IIIC од болеста. На КТ идентификувани се лезии суспектни за локален рецидив/секундарен депозит кај 22 (40%) испитаници. Покачено ниво на ЦЕА е причина за ПЕТ/КТ преглед кај 14 (25,5%) испитаници. Клиничко сомнение за рецидивантна болест има кај 19 (34,5%) испитаници. ПЕТ/КТ детектираше рецидивантна болест кај 21 (38,2%) испитаник. Дополнително, на ПЕТ/КТ беа детектирани лезии кои сугерираа рецидивантна болест кај 6 (10,9%) испитаници, но понатамошните иследувања не го потврдија тоа. Сензитивноста, специфичноста, позитивната и негативната предиктивна вредност и точноста на ПЕТ/КТ во детекција на рецидивантната болест изнесуваат 90,9%, 78,8%, 74,1% , 92,8% и 83,6%, соодветно. Рецидиванта болест најчесто е детектирана во црн дроб, бел дроб, лимфни јазли и перитонеум. Резултатот од Hi-квадрат тестот покажа дека не постои статистички значајна разлика помеѓу возраста на испитаникот и/или стадиумот на болеста и појавата на рецидивантна болест. Заклучок: ПЕТ/КТ може да се користи како ефикасна алатка за разрешување на дилеми кои се јавуваат во процесот на следење на пациенти со колоректален карцином. ПЕТ/КТ е супериорен метод споредено со КТ во детекција на рекурентна екстрахепатична болест кога постои клинички сомнеж за тоа. Исто така, ПЕТ/КТ е од корист при диференцирање на лезии детектирани на КТ, кога тие сами по себе не се конклузивни.


Publisher:


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/23354
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23354



TitleDateViews
Рана постоперативна позитронско-емисиона томографија/ компјутеризирана томографија кај пациенти со колоректален карцином во стадиум III од болеста202240