Home | Repositories | Statistics | About



Subject: рецидивантен птеригиум, ангиогенеза на птеригиум,лекување на птеригиум
Subject: птеригиум
Subject: клиничка слика на птеригиум
Subject: ангиогенеза на птеригиум
Subject: лекување на птеригиум


Year: 2020


Type: Article



Title: Клинички карактеристики и хистоморфолошки одлики на ангиогенезата кај рецидивантните птеригиуми


Author: Весна Марковска Челева
Author: Лилјана Спасевска



Abstract: Рецидивантен птеригиум е формација на фиброваскуларно крилце, кое се јавува на местото на претходно извршената екцизија на птеригиум, чија глава го поминува лимбусот на роговицата. Цел: иследување на клиничките карактеристики и хистоморфолошките одлики на ангиогенезата кај рецидивантните птеригиуми. Матерјал и метод: иследувани се 30 рецидивантни птеригиуми кои се јавиле по екцизија на примарен птеригиум со проста екцизија на птеригиум или со екцизија и слободна оголена склера или со модифицирана слободна конјунктивална автотрансплантација на конјунктива со графт од горната булбарна конјунктива Рецидивантни птеригиуми се хируршки отстранети со методата на екцизија на птеригиум со слободна автотрансплантација на конјунктива со графт од долно темпоралната булбарна конјунктива. Пациентите беа испитувани предоперативно со Haag-Streit 900 шпалт ламба и пост оперативно по првиот, третиот, шестиот, деветтиот, дванаесеттиот месеци, се до 36-тиот месец во зависност од времето на изведената хируршка екцизија. Рецидивантните птеригиум беа документирани и фотографирани со Red Cam. Хируршки отстранетите рецидивантни птеригиуми се хистопатолошки иследувани во однос на нивната ангиогенеаза и клинички карактеристики, големина, прогресија , рецидиви, Фуксови дамки и Штокерова линија. Резултати: Постоперативни рецидиви се јавија кај 3 пациенти (10%). Должината на повторениот рецидивантен птеригиуми изнесуваше повеќе од 3 мм (3,89 +-1,02 SD ) и истата ја надминуваше зоната на претходно ексцидираниот рецидивантен птеригиум. Средно време на растење на рецидивантните птеригиуми изнесуваше 6,5 месеци. Брзо растечки рецидивантни птеригиуми, почесто беа забележани кај помлади мажи и кај работници кои работат на отворено, незаштитени од УВ зрачење и прашина. Фуксови дамки беа забележани кај 73% од рецидивантните птеригиуми, а Штокерова линија кај 60% . Нежната капиларна мрежа на мултипни крвни садови со дискретно изразена фибриноидна промена во едематозната строма се забележа кај бавно растечките стационирани рецидивантни птеригиуми, додека комплексно богато разгранување на развиените капилари со поголем лумен е знак на прогресивни рецидивантни птеригуми Заклучок: Рецидивантните птеригиуми се брзо растечки птеригиуми, со богато разгранета мрежа на крвни садови со голем лумен кои допринесуваат за брзо достигнување на големината на претходно ексцидираниот птеригиум кај помлади активни пациенти поради што повторно се нарушува видната острина и предизвикуваат естетски промени.


Publisher: SHMSHM / AAMD


Relation: Medicus



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/23185
Identifier: ISSN 1409-6366
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23185



TitleDateViews
Клинички карактеристики и хистоморфолошки одлики на ангиогенезата кај рецидивантните птеригиуми202028