Home | Repositories | Statistics | About



Subject: ретиналенваскулитис
Subject: офталмолошки манифестации на Covid 19
Subject: SARS-CoV-2


Year: 2022


Type: Article



Title: РЕТИНАЛЕН ВАСКУЛИТИС КАКО ЕДНА ОД МАНИФЕСТАЦИИТЕ НА COVID 19


Author: Челева Марковска, Весна
Author: Трпеска, Ана
Author: Јованов, Зоран



Abstract: Цел: Да се прикаже случај на ретиналенваскулитис кај пациент со потврдена инфекција со вирусот SARS-CoV-2. Презентација на случај: Пациент на возраст од 37 години, маж, се јави на офталмолошки преглед поради заматеност на видот на десното око. Кај пациентот беше потврдена инфекција со вирусот SARS-CoV-2 со ПЦР тест, 7 дена пред јавување на офталмолошките симптоми. Резултати: Најдобрата видна острина со корекција на десното око беше 0.9, а на левото 1,0. Интраокуларниот притисок беше во граници на нормала на двете очи. При прегледот, предниот сегмент на двете очи беше нормален. Кај десното око е забележан витритис, додека витреалното тело на левото око беше без знаци за инфламација. На задниот сегмент на десното око, се забележа следниов наод-папилата на очниот нерв беше побледа и со нејасна граница во горната и долна половина, присутни беа cotton woоl плаки, поединачнимекиексудати и хеморагии по целата медиоретина и средна периферија.Венските крвни садови беа обвиткани со муфови, додека долж долната артериска темпорална гранка се пратеше исхемија. Кај фундусот на левото око присутни беа сите погоре опишани знаци на васкулит, забележано беше сиво-беличестапапила на оптичкиот нерв, со нормалнапрстеновидна јасно ограничена граница, освен во назалната половина, каде границата јасно не се пратеше.Направени беа ОКТ и Флуресцеинскaангиографија. На ОКТна десно око се забележа проширување помеѓу надворешнитеретиналнислоеви и плексиформниот слој како и лесен дисконтинуитет на пигментниот епител во макуларната регија, додека на левото око се забележаа бројни цистоиднипроширувањапомеѓу надворешниот ретинален слој и плексиформниот слој. При направената флуресцеинскaангиографија, по дадената системска и локална терапија,на десниот ангиограм се забележа недостаток на флуресценција во горната и долна темпорална периферна артерија и закаснето исполнување на венските крвни садови кои ги пратат опишаните артерии-артериоли. Ангиограмот на левото око беше со нормален наод при што макулата остана нема. Пациентот беше поставен на локална и системска кортикостероидна терапија, антикоагулантна терапија, даден бешеи протектор на гастрична лигавица. Заклучок: Офталмолошките манифестации при инфекција со SARS-CoV-2 не треба да се занемаруваат во однос на лекувањето на инфекцијата на другите органи, односно потребно е рано препознавање и правилно и навремено лекување.


Publisher: SHMSHM / AAMD


Relation: Medicus



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/23095
Identifier: ISSN 1409-6366 UDC 61 Vol · 27 (2) · 2022
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23095
Identifier: http://www.medalb.com/revista/medicus-gusht-2022.pdf



TitleDateViews
РЕТИНАЛЕН ВАСКУЛИТИС КАКО ЕДНА ОД МАНИФЕСТАЦИИТЕ НА COVID 19202226