Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Хуманитарна интервенција, заштита на цивили, хуманитарно право, исправна причина, последно средство


Year: 2018


Type: Journal Article



Title: Оправдување за хуманитарните интервенции


Author: Cvetkovski, Sergej



Abstract: Постои една сериозна дилема за тоа дали да се почитува меѓународната норма, со која се забранува употребата на сила во внатрешните работи во форма на интервенција или, пак, да се интервенира кога се работи за отворено и грубо кршење на меѓународното хуманитарно право. Дилемата се изразува како конфликт помеѓу легитимноста и легалноста (законитоста). Авторот го истражува односот на легалноста и легитимноста, односно условите во кои легитимноста го има приоритетот врз легалноста. Според начелото на легалноста, засновано на чисто правни основи, интервенцијата не смее да се спроведува доколку не се исполнети сите правни услови. Но, според начелото на легитимноста, кое главно се заснова на политички мотиви и морални поставки, спроведувањето на интервенцијата е оправдано. Легалноста е определена со прецизно одредени правни норми, а легитимноста е резултат на екстензивно сфаќање на правото и резултат од доктринарни расправии и јавни мислења. Можностите и прифаќањето на фактот дека хуманитарната интервенција е употребена како оправдување за нелегална воена интервенција ја доведуваат во прашање моралната и легална поддршка за хуманитарната интервенција. Целокупната ситуација дополнително е замаглена од гледиштето за легитимноста, односно меѓународниот правен статус на силата која ја спроведува или ја повикува хуманитарната интервенција. Останува подвоеноста на ставовите дали хуманитарната акција спроведена во форма на насилана интервенција или еднострана интервенција е нaдвор од легално прифатената Повелба на ОН?!


Publisher: Филозофски факултет - Скопје


Relation: Годишен зборник на Филозофскиот факултет / Annuaire de la Faculté de Philosophie



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/22828
Identifier: Цветковски, С. (2018). “Оправдување за хуманитарните интервенции“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет 71, pp. 353-361.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/22828



TitleDateViews
Оправдување за хуманитарните интервенции201821