Home | Repositories | Statistics | About



Subject: образование, религија, духовност, вредности, православна педагогија, принципи


Year: 2013


Type: Article



Title: Основи и принципи на православната христијанска педагогија


Author: Aneta Jovkovska



Abstract: Концептот на модернизација на образованието предлага сеопфатна и темелна модернизација на образовниот систем како стратешка насока. Притоа се нагласува потребата за негување на најдобрите традиции и користењето на богатото образовно искуство. Законските акти кои ги регулираат односите во образованието, кое има секуларен карактер, јасно нагласуваат дека Црквата е одвоена од државата, но сепак, таа не е одвоена и од општеството. Теоретско-методолошките основи на православната христијанска педагогија содржат значаен потенцијал за реализација во современиот педагошки простор и се соодветни на принципите од хуманистичката ориентираната образовна парадигма. Тие се релевантни за воспитанието на идните генерации, кои живеат во услови на мултикултурност и мултиконфесионалност. Поради големиот духовно-морален потенцијал на принципите: ненасилство, љубов, слобода и соборност, тие можат да придонесат за развојот на аксиолошките ориентации на адолесцентите во период на развој на едно граѓанско општество и демократска држава. Научно-педагошката анализа ни дозволува да ги идентификуваме принципите на православната христијанска педагогија кои одразуваат различни аспекти на битието и познанието (онтолошки, гносеолошки, антрополошки, аксиолошки, етички и естетски). Тие ги определуваат поимите: Бог, свет, човек, личност, вистина, слобода, љубов, кои се исто така актуелни во современата хуманистички ориентирана образовна парадигма.


Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/21966
Identifier: Јовковска Анета, „Основи и принципи на православната христијанска педагогија“, Годишен зборник, Книга 19, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје, 2013, (---).
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21966



TitleDateViews
Основи и принципи на православната христијанска педагогија201312