Home | Repositories | Statistics | About



Subject: воспитни методи, воспитни принципи, родителство, воспитание, деца


Year: 2020


Type: Article



Title: Методи и принципи на воспитанието на децата во Стариот и Новиот завет


Author: Aneta Jovkovska



Abstract: Разгледувајќи ги особеностите на воспитанието во Стариот и Новиот Завет, во овој труд се истакнати основните елементи на типолошкиот модел на православното христијанско воспитание. Моделот овозможува да го разбереме процесот на духовното обликување на личноста, принципите и методите на воспитанието, како и педагошките услови. Ваквиот пристап, исто така, дава можност за споредба на моменталното ниво на духовно-моралното обликување на една личност со идеалниот модел на воспитанието. Воспитанието во Стариот Завет е сконцентрирано на законот, праведноста, стравопочитувањето и мудроста. Тоа има за цел враќање на природното достоинство на човекот. Воспитанието, пак во Новиот Завет е сконцентрирано на најголемите заповеди за љубовта и има за цел враќање на богочовечкото достоинство, бидејќи законот очовечува, а љубовта обожува. Оттука, семејниот живот и воспитувањето на децата претставува заедничко „патување“ во љубовта, а не само низа предизвици што треба да се решат. Воспитувањето на децата е света должност на возрасните, па затоа православното христијанско воспитание има за цел да им помогне на родителите да разберат дали секојдневните предизвици на родителството го олеснуваат нашиот пат кон Христа и патот на нашите деца кон Христос. При тој пат, важно е да не се изгуби во процесот главната референтна точка, главната цел на животот на секој христијанин - спасението на душата.


Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/21962
Identifier: Јовковска Анета, „Методи и принципи на воспитанието на децата во Стариот и Новиот завет“, Годишен зборник, Книга 25-26, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје, 2019-2020, (79-94).
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21962



TitleDateViews
Методи и принципи на воспитанието на децата во Стариот и Новиот завет202022