Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2021


Type: Article



Title: Местото и улогата на жената во Црквата и општеството (прв дел)


Author: Aneta Jovkovska



Abstract: Православното сфаќање за жената се заснова на Божественото откровение и не е препуштено само на ограничениот разум, колку и да е тој драгоцен. Според тоа, православието ги нагласува следниве обележја како суштински за разбирањето на призивот на жената: на прво место, Бог, како создател на човекот, е подеднакво Творец и на мажот и на жената. Ова догматско учење уште повеќе е потврдено со нашето сознание дека Христос дојде да ги спаси и мажите и жените и да ја врати заедницата со Бога. Подеднакво вредно за Православната црква е учењето изразено во Светото писмо и Преданието дека постои разлика помеѓу машкиот и женскиот пол, која е присутна од самиот чин на создавањето на човекот. Оваа разлика не подразбира некаков вид подреденост на жената во однос на мажот. Напротив, таа разлика ја востановил самиот Бог како дел од Неговиот Божествен план. Библискиот опис за создавањето во Битие 1, 26-28, како и познатата Павлова мисла од Гал. 3, 28, укажуваат на целосна еднаквост на мажите и жените во однос на статусот, вредноста и достоинството. Дополнителните улоги во бракот и црковното раководство не се сметаат дека се во спротивставеност по однос на овој принцип на онтолошка еднаквост.


Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/21961
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21961



TitleDateViews
Местото и улогата на жената во Црквата и општеството (прв дел)202126