Home | Repositories | Statistics | About



Subject: тешкотии во учењето, дислексија, ученици


Year: 2016


Type: Journal Article



Title: Специфични тешкотии во учењето кај учениците – дислексија


Author: Шурбановска, Орхидеја



Abstract: Дислексијата е тема за дебата која трае со десетици години и сè уште продолжува да биде предмет на дискусија. Британската асоцијација за дислексија најдобро ја дефинира дислексијата како комбинација на способности и тешкотии кои влијаат на процесот на читање, спелување и пишување. Со нив се поврзани слабостите како што се брзина на процесирање на информацијата, краткотрајна меморија, концентрација, секвенционирање и организација, аудитивна и/или визуелна перцепција, говорен јазик и моторни вештини. Во нашата земја, македонското Здружение за дислексија „Ајнштајн“ во 2015 година изврши тестирање на 782 ученици од две средни училишта во Скопје. Тестот со кој учениците вршеа самопроцена на дислексијата беше преземен од Листата за проверка на дислексија од авторите Кавклер, Магајна, Кошак Бадуер, Јанзељ, Андрејчик и Земјак. Добиените одговори покажуваат дека околу 10% од учениците ги манифестираат знаците на дислексија. Овој податок укажува на потребата од дејствување на полето на дислексијата со цел да се олеснат тешкотиите во учењето кај учениците со дислексија во Република Македонија.


Publisher: Филозофски факултет, Скопје


Relation: Годишен зборник на Филозофскиот факултет



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/2196
Identifier: Шурбановска, О., (2016). Специфични тешкотии во учењето кај учениците – дислексија, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, кн. 69/ 201-214
Identifier: 0350-1892
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2196



TitleDateViews
Специфични тешкотии во учењето кај учениците – дислексија201625