Home | Repositories | Statistics | About



Subject: православна христијанска педагогија, Божјо слово, наставни содржини, основни педагошки принципи, воспитување и поучување, духовен развој


Year: 2020


Type: Article



Title: Божјото Слово – основа на православната христијанска педагогија како наука


Author: Aneta Jovkovska



Abstract: Православната христијанска педагогија не се заснова на филозофска идеја, туку на самото постоење на Црквата како нов сојуз помеѓу човекот и Бога. Во нејзината основа од една страна е Божјото слово, а од друга страна духовното искуство на Црквата. Нејзина задача, пак, е едукација за христијански поглед на светот – разбирање на светот, животот, човекот и неговото делување во светлината на Божјото слово и Божјото откровение. Православната христијанска педагогија го прима и ползува Божјото слово како сила која го осветува секој миг од човековиот живот, секоја намера, секоја постапка, секое дело; како сила која продира длабоко во човековата душа; го разведрува и просветлува секое нејзино интимно катче и во неа ја создава онаа чиста духовна јаснотија без која не е можно да се достигне совршенството. Бидејќи го прифаќа Божјото слово како основа, православната христијанска педагогија се изградува на камен кој не се руши од пороите на животот. На овој начин таа ги поставува градбените сили во еден континуиран пораст. Оттука, Божјото слово се јавува и како примарен фактор, но и како основен принцип на воспитување и поучување во православните духовни училишта.


Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/21956
Identifier: Анета Јовковска, Божјото Слово – основа на православната христијанска педагогија како наука, Словата и Словото – Зборник на научни трудови од Третиот Светиклиментов научен собир, Скопје, 2020, (183-194).
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21956



TitleDateViews
Божјото Слово – основа на православната христијанска педагогија како наука202024