Home | Repositories | Statistics | About



Subject: β-агонисти, биолошки матрикси, оптимизација, валидација, LCMS/MS


Year: 2019


Type: Thesis



Title: МУЛТИРЕЗИДУАЛНА АНАЛИЗА НА β-АГОНИСТИ ВО БИОЛОШКИ МАТРИКСИ СО ПРИМЕНА НА LC-MS/MS МЕТОД


Author: Uzunov, Risto



Abstract: β-агонистите се синтетички произведени супстанци кои се користат во терапија на пулмонални обструктивни заболувања кај луѓето и домашните животни, а кај домашните животни исто така се користат и како срцеви тоници и токолитици. Покрај тоа β-агонистите може да се користат како промотори на раст кај многу животински видови за производство на месо. Апликацијата на 5-10 пати повисоки дози од одобрените терапевтски дози кај животните за производство на месо резултира со значително зголемување на мускулната маса, подобро искористување на храната, подобар состав на трупот и значително намалување на телесните масти. По употреба кај фармските животни, остатоци од β-агонистите се депонираат во ткивата и се потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Постојат многу документирани случаи каде конзумирањето на месо и црн дроб кои содржат β-агонисти довеле до сериозни интоксикации кај луѓето. Поради тоа, со Директивата 96/22/ЕС, Европската Унија ја забранува употребата на β-агонисти кај фармски животни, додека со Директивата 96/23/ЕС, Европската Унија ги пропишува мерките за следење на овие супстанци во животните и производите од животинко потекло. Целта на ова истражување беше да се оптимизира и валидира потврден LC-MS/MS метод за определување на β-агонисти во урина, мускул и црн дроб и да се мониторира присуството на овие супстанци во наведените матрикси во периодот од 2014-2016 година. Со оптимизација на LC-MS/MS методот беа оптимизирани хроматографските услови и условите на масениот детектор. За секој β-агонист, со масениот детектор со користење на ESI+ јонизација, беа утврдени главните јони и по три продукт јони. Валидацијата на методот беше извршена според Одлуката на Комисијата 2002/657/EC и при тоа беа утврдени следните валидациски параметри: линеарност, CCα, CCβ, специфичност/селективност, точност и прецизност. Во истражувањето беа анализирани вкупно 525 примероци, од кои 274 урина, 150 мускул и 101 примерок црн дроб. Од добиените податоци од валидацијата може да се заклучи дека истите се во согласност со барањата од Одлуката на Комисијата 2002/657/EC. Според тоа во истражувањето е оптимизиран и валидиран линеарен, специфицичен, селективен, точен и прецизен потврден LC-MS/MS метод за определување на β-агонисти во урина, мускул и црн дроб кои потекнуваат од животни кои се користат во исхраната на луѓето. Во анализираните примероци не беа детектирани β-агонисти во концентрација над утврдената вредност за CCα, што практично значи дека резултатите укажуваат на нулта инциденца на нелегална или случајна употреба на β-агонисти и дека примероците се слободни од овие штетни супстанци.


Publisher:


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/21580
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21580



TitleDateViews
МУЛТИРЕЗИДУАЛНА АНАЛИЗА НА β-АГОНИСТИ ВО БИОЛОШКИ МАТРИКСИ СО ПРИМЕНА НА LC-MS/MS МЕТОД201934