Home | Repositories | Statistics | About



Subject: магија, (нат)природно, религиозен човек, ритуал, принцип


Year: 2015


Type: Journal Article



Title: Принципите на магијата во разбирањето на потеклото на религијата


Author: Тодоровска, Марија



Abstract: Поимањето на „природно“ и „натприродно“ во примордијалното разбирање на реалноста се покажани преку гледиштата на класичните автори од полето на теориите за потеклото и за природата на религијата (Тајлор, Фрејзер, Диркем, Џевонс итн.). Сфаќањето на (нат)природните сили и верувањето во онтолошки доминантно постоење на архаичните религиозни луѓе потоа се прикажани како принципи преку кои нивните верувања за нивната врска со светот и позицијата во него можат да бидат резимирани. Идеите дека homo religiosus, преку серии ритуални дејства, темелно планирани и прецизно контролирани, има способност да утврди функционална и плодна врска со (нат)природната сила (или сили) се наоѓаат во основата на верувањето во магијата, а исто така и делумно во раните форми на религија. Поентата и целите на сериите на магиските миметички дејства во рамките на позитивниот култ се прикажани преку резимеата на Фрејзер и Мос и Убер, и преку сличностите и разликите меѓу нивните дефиниции на принципите на магијата.


Publisher: Филозофски факултет, Скопје


Relation: Годишен зборник на Филозофскиот факултет



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1958
Identifier: Тодоровска, М., „Принципите на магијата во разбирањето на потеклото на религијата“, Годишен зборник на Филозофски факултет, vol. 68, Скопје, 2015, 7-22.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1958



TitleDateViews
Принципите на магијата во разбирањето на потеклото на религијата201524