Home | Repositories | Statistics | About



Subject: религија, свето, профано, дихотомија, дијалектика


Year: 2013


Type: Journal Article



Title: Определувањето на религијата и дихотомијата свето-профано во теоријата на Емил Диркем


Author: Тодоровска, Марија



Abstract: Во текстот се разгледува поставувањето на дихотомијата на светото и профаното како основа на религијата, а со тоа и на социјалното и културното организирање на примордијалниот (но и на модерниот) религиозен човек. Во својата теорија за предметот и суштината на религијата, Емил Диркем (Émile Durkheim) ги критикува мислењата дека религијата е резултат на индивидуалната зачуденост од мистериозноста на светот, како и оние според кои религијата е збир на верувања во божество. За Диркем, религијата е социјален, принуден феномен составен од верувања, митови и ритуали, а во основата на религиозниот живот е светото. Светото е секогаш во опозиција со несветото, со профаното. Меѓу категориите на светото и на профаното постои однос на инкомпатибилност, дури и на антагонизам, тие се потполно одделени и меѓу нив не постои контакт. А, сепак, комплексната дихотомија свето - профано како суштина на религијата, поради нивната дијалектичка спротивставеност, е можна само преку постојаното надминување на хетерогеноста во рамките на религиозниот култ, преку пролиферирањето на контагиозното свето во несветото; и преку системите на дозволи и забрани кои ги регулираат односите меѓу нив, заштитувајќи го светото од инфериорноста на профаното, а профаното од супериорната моќ на светото.


Publisher: Филозофски факултет, Скопје


Relation: Годишен зборник на Филозофскиот факултет



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1956
Identifier: Тодоровска, М., „Определувањето на религијата и дихотомијата свето-профано во теоријата на Емил Диркем“, Годишен зборник на Филозофски факултет, vol. 66, Скопје, 2013, 22-40.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1956



TitleDateViews
Определувањето на религијата и дихотомијата свето-профано во теоријата на Емил Диркем201322