Subject: сведок, доказна вредност, исказ на сведок, писмени искази
Year: 2019
Type: Article
Title: УПОТРЕБА И ДОКАЗНА ВРЕДНОСТ НА ИСКАЗИТЕ ДАДЕНИ ВО ПРЕТХОДНА ПОСТАПКА ПРЕД ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Author: Misoski, Boban
Author: Ilikj Dimoski, Divna
Abstract: Во овој труд, авторите ги анализираат проблемите во врска со доказната вредност на исказите дадени во претходната постапка и укажуваат на потребата од дополнително доуредување на одредбите од ЗКП што се однесуваат на исклучоците од начелото на непосредност при изведувањето на доказите во текот на главната расправа. Притоа, засновајќи ги своите тези врз првичните решенија во американското доказно право, тие констатираат дека е потребно разјаснување на употребата и доказната вредност на исказите на сведоците дадени пред јавниот обвинител во претходната постапка што се користат во случаите на неконзистентност помеѓу овој исказ и исказот на сведокот даден во текот на главната расправа.
Publisher: Здружение за кривично право и криминологија
Relation: Македонска ревија за казнено право и криминологија
Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/19447
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/19447