Home | Repositories | Statistics | About



Subject: работни барања, работни ресурси, работна ангажираност, ИKТ- работници


Year: 2018


Type: Journal Article



Title: Испитување на работната ангажираност кај вработени во секторот за информатички и комуникациски технологии преку моделот на работни барања–ресурси


Author: Казанџиева, Маја
Author: Блажевска Стоилковска, Билјана



Abstract: Моделот на работни барања - ресурси (Job Demands-Resources, JD-R) беше при- менет за да се испита работната ангажираност кај вработени во секторот за инфор- матички и комуникациски технологии. Подетално, целта беше да се истражи како работните карактеристики, односно работните барања (работна оптовареност, мен- тална оптовареност и емоционална оптовареност) и работните ресурси (контрола на работа, јасност на задачи, односи со колеги и можности за учење) ги предвидуваат посветеноста и енергичноста како аспекти на работната ангажираност. Податоците беа добиени на примерок од 162 вработени (111 од машки пол и 51 од женски пол) на следните работни позиции: програмери, веб-дизајнери и специјалисти за инфор- матички технологии во различни ИТ-компании во Македонија. За прибирање на по- датоците беа применети два мерни инструменти, Прашалник за работни барања и работни ресурси (Questionnaire on the Experience and Evaluation of Work-QEEW; Van Veldhoven, Meijman, Broersen, & Fortuin, 2002) и Утрехт скала за работна анга- жираност (Utrecht Work Engagement Scale-UWES; Schaufeli & Bakker, 2003). Наодите од применетата мултипла хиерархиска линеарна регресивна анализа покажаа дека можностите за учење и контрола на работата како работни ресурси и емоционалната оптовареност и менталната оптовареност како работни барања ја предвидуваат по- светеноста, додека пак, значајни предиктори на енергичноста се само работните ре- сурси, и тоа можностите за учење и контрола на работата. Резултатите се дискутирани во контекст на постоечките теоретски сознанија и досегашните емпириски наоди, а наведени се нивните практични импликации.


Publisher: Филозофски факултет-Скопје


Relation: Психологија: наука и практика



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/19313
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/19313
Identifier: https://doi.org/10.37509/psyscip184029k



TitleDateViews
Испитување на работната ангажираност кај вработени во секторот за информатички и комуникациски технологии преку моделот на работни барања–ресурси201825