Home | Repositories | Statistics | About



Subject: семејство, семејно живеење, образование, вредности, цели на образование, форми и медиуми на образование за семејно живеење


Year: 2016


Type: Journal Article



Title: Потребата од образованост за семејно живеење


Author: Радуловиќ, Македонка



Abstract: Сигурно е дека ќе биде потврден одговорот на прашањето дали има основа, односно потреба од образование и од образованост на членовите на семејството за нивното семејно живеење. Овој труд ќе ги обработува содржината, целите, формите, перспективите и можните резултати од образованоста за живеење во семејство и во дневниот тек на тоа живеење и во подолгорочно траење. Ќе се елаборираат можните процеси во образованието за сфаќањата, ставовите, однесувањето и вредностите на семејното живеење, потоа целите што се очекуваат и кои би се постигнале со тие образовни зафати, вредностите врз кои ќе се потпира тоа образование, како и формите и медиумите за реализација на ширењето на знаењата и идеите за семејниот живот. Појдовна основа ќе биде дека секоја генерација во семејството пренесува сознанија, ставови и принципи за семејното живеење на наредната генерација, но акцентот ќе биде ставен на природата и карактерот на тоа образование во услови на општи промени во опкружувањето на семејството и промените, предизвиците, дилемите во животот на самото семејство. Трудот ќе вклучува и најнепосредни предлози за придонес во образованоста за квалитетно, долгорочно и среќно семејно живеење.


Publisher: Филозофски Факултет, Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1847
Identifier: Радуловиќ, М. (2016). „Потребата од образованост за семејно живеење“. Годишен Зборник на Филозофскиот Факултет, Скопје
Identifier: 0350-1892
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1847



TitleDateViews
Потребата од образованост за семејно живеење201623