Home | Repositories | Statistics | About



Subject: семејни вредности, семејство, социјализација, воспитување


Year: 2017


Type: Proceeding article



Title: Новите семејни вредности


Author: Радуловиќ, Македонка



Abstract: Вредностите се рефлексија на тоа што сме, на нашето битие и на нашето уникатно наследство. Тие го покажуваат она во кое што веруваме, она кое што го одобруваме и посакуваме за себе. Сигурноста во врска со нашите вредности ни дозволува и не охрабрува да ги оствариме приоритетите и да донесеме одлуки со кои ќе можеме да живееме. Вредностите ги наследуваме од нашите родители и ги учиме преку процесот на социјализација, кој првенствено се остварува во рамките на семејството. Тоа што го учиме од нашите родители во текот на детството го гради нашиот карактер и ни служи во животот. Всушност, семејните вредности претставуваат збир на моралните, општествените, политичките, религиските и работните вредности кои ги усвојуваме и кои не следат во текот на нашиот живот. Современиот начин на живот и глобализацијата влијаат на семејствата на многу начини: на моделот, формата, бројноста на семејствата, на функциите и на начинот на кои што се разбира семејното живеење. Оттаму, логично е да се претпостави дека се менуваат моделите на воспитување и вредностите кои се учат во рамките на семејството. Предизвикот да се подигне сeмејство во општество кое се менува може да биде загрижувачко. Овој труд се занимава со прашањето за новите семејни вредности. Дали младите луѓе ги учат вредностите во семејното опкружување? Кои вредностите се најважни? На кои вредности сакаат да ги научат нивните деца?....се дел од прашањата кои ќе помогнат да се утврдат промените и да се актуелизира прашањето за новите семејни вредности.


Publisher: Универзитет Гоце Делчев, Штип


Relation: Четврта меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1839
Identifier: Радуловиќ, M. (2017). „Новите семејни вредности“. Зборник на трудови, Универзитет Гоце Делчев, Штип.
Identifier: 978-608-244-423-3
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1839



TitleDateViews
Новите семејни вредности201719