Home | Repositories | Statistics | About



Subject: семејство, религија, традиција, религиски вредности, семејни вредности


Year: 2018


Type: Proceeding article



Title: Семејството и религиските вредности


Author: Радуловиќ, Македонка



Abstract: Религијата претставува составен дел од животот на верниците. На нашите простори таа е длабоко испреплетена со традицијата, семејните вредности и културното наследство. Истражувањата покажуваат дека најголем дел од граѓаните во Република Македонија се дефинираат себе си како верници (91%), меѓутоа ако навлеземе во детална анализа ќе видиме дека најчесто, станува збор за традиционални верници, кои не немаат стручни познавања за религијата, ниту пак целосно се придржуваат кон религиските начела и практики. Разбирањето на религијата кај треадиционалните верници се сведува на почитување на традицијата и религиските обреди и ритуали кои се негуваат со генерации. По осамостојувањето на Република Македонија, започнува долг период на ревитализација на религијата, која се карактеризира со промена на религискиот систем, секуларизација на религијата, зближување на политичката и религиската елита, обидите за воведување на религиско образование итн. Во овој период се забележува пад на моралноста кај младите генерации која се манифестира со зголемување на девијантните појави во македонското општество: алкохолизам, наркоманија, проституција, малолетничка деликвенција, насилство итн. Во јавноста се добива впечаток дека младите не се се заинтересирани за религијата и не се придржуваат кон основните религиски начела, односно дека слабеат религиските и воопшто семејните вредности. Овој труд има за цел да ги оцени ставовите на младите луѓе поврзани со нивните религиски вредности, да дојде до сознанија за влијанието на семејството врз религиските вредности и практики. За таа цел е спроведено истражување врз шеесет испитаници кои се православни и припаѓаат на три различни генерации (од 18 до 36 години).


Publisher: Универзитет Гоце Делчев, Штип


Relation: Петта меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1828
Identifier: Радуловиќ, М. (2018). „Семејството и религиските вредности“. Зборник на трудови, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.
Identifier: 978-608-244-548-9
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1828



TitleDateViews
Семејството и религиските вредности201821