Home | Repositories | Statistics | About



Subject: човекови права, правна заштита, народен правобранител, мерки на омбудсманот, насилство врз деца, уставни и законски надлежности


Year: 2018


Type: Journal Article



Title: Омбудсманот и правата на детето во Република Македонија


Author: Радуловиќ, Македонка
Author: Тодорова, Билјана



Abstract: Во трудот се прави компаративна анализа на состојбите, констатациите и препораките што ги утврдил Народниот правобранител на Република Македонија во однос на правата на детето за 2016 и 2017 година. Споредбените сознанија се однесуваат на правата на детето во семејството, на насилството врз децата, на правата на децата кои припаѓаат на ранливи и маргинализирани групи, односно деца кои се бегалци / мигранти, потоа на прашањата од областите здравствена заштита и образование на најмладиот дел од населението, како и на правата на децата со посебни потреби. Појдовна основа на елаборацијата се уставните и законските надлежности на омбудсманот на Република Македонија и уставната и законската заштита на правата на децата во нашата земја. Оправданоста од подготовка на ваква анализа може да се пронајде во фактот што многу често во јавноста (медиумите, социјалните мрежи, дебатите) како заштитници на правата на детето се појавуваат граѓански, невладини организации, а поретко се присутни наоди во оваа област од страна на Народниот правобранител на Република Македонија.


Publisher: Универзитет Гоце Делчев, Штип


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1827
Identifier: Радуловиќ, М. & Тодорова, Б. (2018). „Омбудсманот и правата на дететот во Република Македонија“. Годишен зборник на Правниот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Identifier: 1857-8713
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1827
Identifier: 8



TitleDateViews
Омбудсманот и правата на детето во Република Македонија201826