Home | Repositories | Statistics | About



Subject: здравје, права, обврски, човекови права, право на здравје, здравствена заштита


Year: 2018


Type: Monograph



Title: Здравјето како право, здравјето како обврска


Author: Радуловиќ, Македонка



Abstract: Книгата „Здравјето како право, здравјето како обрска“ го третира правото на здравје како фундаментален дел од човековите права и сфаќањето за животот, достоинството и благосостојбата. Тргнувајќи од премисата дека здравјето е најважното нешто што го поседуваме и најголем предуслов за среќа, тоа е и нужно човеково право, овој труд го обработува правото на здравје во неговото севкупно значење. Односно, како право на живот, исполнет со највисоко можно физичко и ментално здравје, достапно на сите индивидуи. Имајќи предвид дека самото одредување на принципите на право на живот и право на здравје сè уште минува низ еволуциски процес книгата “Здравјето како право, здравјето како обврска” има за цел да ја подигне свеста за важноста на грижата за здравјето од страна на поединецот, семејствата, но и од страна на државата. Здравјето во современата епоха не е само индивидуална, приватна работа на поединецот туку и врвна општествена вредност, па така граѓанинот има должност да се грижи за сопственото и здравјето на своите најблиски, но и државите имаат должност да го третираат правото на здравје како право што е во интерес на човекот и заедницата. Само на тој начин здравјето освен да се чува може и да се унапредува.


Publisher: Култура, Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1821
Identifier: Радуловиќ, М. (2018). Здравјето како право, здравјето како обврска. Скопје: Култура.
Identifier: 978-9989-32-957-9
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1821



TitleDateViews
Здравјето како право, здравјето како обврска201830