Home | Repositories | Statistics | About



Subject: сила, воен фактор, безбедност, поларизам, кризно жариште.


Year: 2018


Type: Article



Title: Тековни состојби и перспективи на воениот фактор во светот


Author: Cvetkovski, Sergej
Author: Zendelovski, Goran



Abstract: Во меѓународната заедница се судираат различни и противречни општествени и политички сили, кои согласно своите интереси и цели ги менуваат постоечките општествени односи во глобалното општество. Улогата на силата, особено воената, ќе биде пресудна во воспоставувањето на релациите при меѓународните спротивставености. Анализирањето на тенденциите во развојот на воениот фактор се наметнува како потреба за подготовка за спротивставување на евентуално воено насилство од големи размери. Истражувачките прашања на кои во овој труд е направен обид да се одговори се: Како процесот на глобализацијата ќе влијаае врз безбедноста?!; Која е иднината на воените сојузи?!; и Каква е поврзаноста на светската економска криза и меѓународниот мир?! Ниту едно од овие прашања не може да се разгледува независно од новиот моментум на трката во вооружувањето. Во позадина на овие процеси е тенденцијата за еднострана воена надмоќ и контрола. Настапува период на триполаризам во меѓународните односи. Мешањето во внатрешните работи на економски послабите земји ќе биде основна ориентација на голeмите сили и во наредните декади. Ново европско кризно жариште е помалку веројатно, наспроти зголемената веројатност за пренесување на „борбените“ дејства во ниската вселена. Пронаоѓањето на вистински и долготрајни решенија за зачувување на глобалниот мир мора да биде императив во активноста на меѓународно признатите институции.


Publisher: Универзитет „ЕВРО-БАЛКАН“, Скопје


Relation: Науката-подршка на развојот во Југоисточна Европа



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/17872
Identifier: Цветковски, С., Зенделовски, Г. Тековни состојби и перспективи на воениот фактор во светот. Универзитет „ЕВРО-БАЛКАН“ Скопје, 2018: 63-71
Identifier: 978-608-4714-60-6
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17872



TitleDateViews
Тековни состојби и перспективи на воениот фактор во светот201822