Home | Repositories | Statistics | About



Subject: осигурување, солвентност, супервизија на осигурување, технички резерви, потребен капитал за солвентност


Year: 2021


Type: Article



Title: Потребни реформи за имплементација на Солвентност 2 во Република Македонија


Author: Petrevska, Biljana;
Author: Uzunov, Vanco



Abstract: Овој труд го опишува концептот на Солвентност 2 и укажува на потребните измени во регулативата и потребните институционални реформи, анализирани од различни аспекти, со цел во целост да се имплементира овој концепт во Република Македонија. Трудот се состои од 4 дела. Првиот дел од овој труд претставува воведот во рамките на којшто се објаснува предметот на истражување, додека пак вториот дел се фокусира на Солвентност 2 кој претставува систем поставен на три столба, и тоа: квантитативни барања, квалитативни барања и задолжително обелоденување на податоците на пазарот. Третиот дел на овој труд ги објаснува потребните реформи за имплементација на Солвентност 2 во Република Македонија. На крајот, четвртиот дел од овој труд е Заклучокот во кој се констатира дека: со оглед на фактот дека Република Македонија претендира да стане земја членка на Европската Унија, таа ќе мора да го усогласи своето законодавство со правната рамка на земјите членки на Европската Унија, и оттаму потребно е во идниот период нашата земја да го воведе и имплементира и концептот Солвентност 2. Оттаму се очекува дека во наредниот период ќе се усвојат потребните системски реформи за примена на Солвентност 2 во Република Македонија, што подразбира донесување на нов закон, и период на усогласување на друштвата за осигурување.


Publisher: Правен Факултет "Јустинијан Први", Скопје


Relation: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во чест на проф. д-р Гале Галев, Скопје, Декември 2021



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/17844
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17844



TitleDateViews
Потребни реформи за имплементација на Солвентност 2 во Република Македонија202123