Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Чеслав Милош, моќ, комунизам, интелектуалци, Полска


Year: 2018


Type: Article



Title: Улогата на книжевноста во разнишување на политичката моќ во Заробениот ум на Милош


Author: Малеска, Калина



Abstract: Овој есеј го истражува начинот на кој Чеслав Милош во своето дело Заробениот ум ги објаснува и се обидува да ги надмине недоразбирањата за тоа зошто голем дел од интелектуалците од Источна Европа го прифатиле комунизмот. Освен што темелно ги истражува општествено-историските околности со цел подобро да ги разбере и објасни мотивите на писателите да го напуштат својот автентичен начин на пишување и да се приклонат кон барањата и принципите на социјалистичкиот реализам, Милош исто така навлегува и во темата на тоа со кои постапки и методи некои книжевни дела успевале одредено време да го поткопаат политичкото влијание во Полска. Четирите поглавја на делото што следат по размислите за општите принципи даваат портрети на четворица полски интелектуалци кои се приклониле кон комунистичкиот режим. Иако постои осуда кон ваквите постапки, сепак, Милош се обидува објективно да ги претстави и да придонесе кон разбирање на нивните мотиви, укажувајќи на тоа дека би било премногу симплифицирано сфаќањето дека тие треба брзо и лесно да се осудат.


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“


Relation: Зборник на трудови од меѓународната X македонско-полска научна конференција



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/17768
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17768



TitleDateViews
Улогата на книжевноста во разнишување на политичката моќ во Заробениот ум на Милош201820