Home | Repositories | Statistics | About



Subject: полифонија, полифони форми


Year: 2018


Type: Article



Title: Полифонијата во творештвото на Димче Николески создадено во периодот 1960 - 1980 година


Author: Јовиќ, Тихомир



Abstract: Димче Николески (с. Косел, Охридско, 13.1.1943 - 2.4.1998, Скопје), музички новинар, публицист и композитор, е еден од генерацијата македонски композитори чие делување главно се одвива во седумдесеттите и осумдесеттите години од ХХ век. Неговото творештво е насочено првенствено кон жанровите на камерната музика. Во периодот 1960 - 1980 година опусот на Николески брои 36 жанровски разновидни дела. Целта на овој труд е да го образложи пристапот на авторот кон полифониот слог како принцип на организација на музичката материја. Конкретно, истражувањето ќе биде насочено кон утврдување на видот, начинот и обемот на употреба на полифонијата во творештвото на Димче Николески создадено во наведениот дваесетгодишен временски период. За оваа цел беше формиран корпус од достапните дела (партитури и снимки) од опусот на авторот.


Publisher: СОКОМ


Relation: Струшка музичка есен: Музиката помеѓу авторот и публиката (21-23 септември 2018)



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/17508
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17508



TitleDateViews
Полифонијата во творештвото на Димче Николески создадено во периодот 1960 - 1980 година201819