Home | Repositories | Statistics | About



Subject: stem cell transplantation
Subject: hematopoietic stem cells


Year: 2017


Type: Article



Title: Карактеристики на донорите и аферезната постапка кои влијаат на ефикасноста на колекционирањето на хематопоетските матични клетки од периферна крв


Author: Грубовиќ Растворцева Радица
Author: Георгиевски, Борче
Author: Чевреска Лидија
Author: Усеини Садула
Author: Генадиева Ставриќ Соња
Author: Стојаноски Злате
Author: Пивкова Велјановска, Александра
Author: Чадиевски Лазар
Author: Грубовиќ Милош



Abstract: Вовед: За успешно колекционирање на мононуклеарни клетки (МНК) и ЦД34+ клетки од периферна крвпотребна е идентификација на предиктивните фактори. Целта на нашата студија е да ги истражи потенцијалнитепредиктивни фактори кои би можеле да влијаат на бројот на колекционирани хематопоетски матични клетки(ХМК).Материјал и метод: Испитуваната група ја чинат 120 автологни и алогени аферезни донори на ХМКод периферна крв. Влијанието на потенцијалните предиктивни фактори (демографски, лабораториски,карактеристиките на аферезното колекционирање во двете групи, и мобилизациионата стратегијаикарактеристиките поврзани со болеста кај автологните донори) на ефикасноста на колекционирањето, односновкупниот број на колекционираните МНК и ЦД34+ клетки,беа определувани со мултипла регресиона анализа.резултати: Направени се 226 аферезни процедури, 182 кај 90 автологни и 44 кај 30 алогени донори, средно2 аферези (опсег 1-3) кај автологните и 1.5 аферези (опсег 1-2) кај алогените донори. Нашата студија покажадека на вкупниот број на колекционираните МНК клетки сигнификантно влијаеле пред-аферезниот број натромбоцитите(p=0.045576), мобилизирачката стратегија(p=0.044071), видот на сет за харвестрација(p=0.042254),бројот на аферзни циклуси во една процедура(p=0.037069) и бројот на циклуси на примена хемотерапија(p=0.033519), додека на вкупниот број на колекционирани ЦД34+ клетки кај автологните донори сигнификантновлијаел бројот на аферезни циклуси во една процедура (p=0.014608). Мултипла регресиона анализа не покажасигнификантна поврзаност меѓу вкупниот колекциониран број на МНК и ЦД34+ клетки и испитуванитепредиктивни фактори од интерес кај алогените донори.Заклучок: Потребно е да се направат универзални водичи за употребата на лабораториски параметри воиницијацијата на аферезната процедура за оптимизацијата на колекционирањето на ХМК. (4) (PDF) Карактеристики на донорите и аферезната постапка кои влијаат на ефикасноста на колекционирањето на хематопоетските матични клетки од периферна крв. IMJM 2017. 2017;22(1):39-49.. Available from: https://www.researchgate.net/publication/340682162_Karakteristiki_na_donorite_i_afereznata_postapka_koi_vlijaat_na_efikasnosta_na_kolekcioniraneto_na_hematopoetskite_maticni_kletki_od_periferna_krv_IMJM_2017_201722139-49


Publisher: SHMSHM / AAMD


Relation: MEDICUS



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/17465
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17465
Identifier: 22
Identifier: 1
Identifier: 39-49



TitleDateViews
Карактеристики на донорите и аферезната постапка кои влијаат на ефикасноста на колекционирањето на хематопоетските матични клетки од периферна крв201716