Home | Repositories | Statistics | About



Subject: полифонија, полифони форми


Year: 2017


Type: Thesis



Title: Полифонијата во делата на македонските композитори создадени во периодот 1960 - 1980 година


Author: Тихомир Јовиќ



Abstract: Oваа дисертација го истражува видот, начинот и обемот на употреба на полифонијата во творештвото на популација од македонски композитори во дваесетгодишен временски период, конкретно од 196о до 1980 година. За оваа цел беше формиран корпус од достапните дела (партитури и снимки) од македонските автори. Исто така, во процесот на собирањето на податоците беа извршени и повеќе интервјуа со живите автори кои твореле во овој период. Собраните податоци беа внесени во дигитална база на податоци која овозможи натамошни квантитативни анализи на истражувачката материја. Нашите наоди ја потврдија основната хипотеза дека во делата на македонските композитори создадени во периодот 1960 - 1980 година се среќава честа примена на полифонија. Полифониот слог е применет првенствено како конструктивен композициско - технички принцип во рамките на дела кои не претставуваат полифони форми. Во тој контекст, во делата се јавуваат следните видови полифонија: имитациска полифонија (фугато, канонска обработка и сл.), неимитациска полифонија (слободни контрапункти) и комбинирана (имитациска и неимитациска) полифонија. Полифоните форми од типот: мотет, мадригал, корал, фуга, пасакалја, канон и сл. се поретко застапени.


Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Факултет за Музичка Уметност


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/17447
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17447



TitleDateViews
Полифонијата во делата на македонските композитори создадени во периодот 1960 - 1980 година201760