Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Виенска конвенција, договор за продажба на стоки, раскин на договор, суштествена повреда


Year: 2021


Type: Article



Title: Концептот на „суштествена повреда“ на договорот согласно член 25 од Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки


Author: Коцев, Љубен



Abstract: Процесот на унификација на меѓународното трговско право има за цел да ги отстрани разликите кои постојат во националните права, и следствено да ја отстрани неизвесноста за меродавно право врз деловните односи помеѓу трговците. Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки од 1980 година (Виенска конвенција) до денешен ден претставува најуспешниот механизам за унификација на меѓународните договори за продажба на стоки. Со оглед на разликите кои постојат во националните законодавства како резултат на различните историски, социјални и економски фактори, авторите на Конвенцијата биле исправени пред огромен предизвик да изготват инструмент кој ќе ги земе предвид овие разлики и ќе понуди решение кое ќе биде прифатливо за сите држави. Низ долг процес на дијалог, работната група успеала да ги надмине овие разлики нудејќи инструмент кој има широка распространетост и прифатеност низ целиот свет. Носењето на Конвенцијата неминовно значело и воспоставување иновативни правни концепти кои немаат никаква историска поврзаност со постоечките правни системи и кои ќе се развиваат под влијание на процесите и трендовите во меѓународната трговија, изолирани од националните права на државите членки. Од бројните иновативни концепти, ниту еден не привлекува толкаво внимание како концептот на „суштествена повреда“. Поради тоа, истиот ќе биде предмет на анализа на овој труд. трудот најпрво го дефинира концептот на суштествена повреда и неговото значење за меѓународната продажба на стоки. Понатаму, во трудот се анализираат елементите на концептот на теоретско ниво, пред да се анализираат случаи кои може да се окарактеризираат како суштествена повреда на обврските на договорните страни – купувач и продавач.


Publisher: Економски факултет - Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет - Скопје, том 56. 2021



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/16967
Identifier: Коцев, Љ. (2021). Концептот на „суштествена повреда“ на договорот согласно член 25 од Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки. Годишник на Економски Факултет - Скопје, том 56, 153-168.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16967



TitleDateViews
Концептот на „суштествена повреда“ на договорот согласно член 25 од Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки202120