Home | Repositories | Statistics | About



Subject: балет, наследство, сценски текст, кореографија, трансферирање


Year: 2022


Type: Article



Title: БАЛЕТСКО НАСЛЕДСТВО: КЛАСИФИКАЦИЈА, СОСТАВ И КАРАКТЕРИСТИКИ


Author: Здравкова-Џепароска, Соња



Abstract: Балетското наследство e поврзано со најзначајните наслови во светската балетска продукција „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Рајмонда“ др. Оваа група, т.н. „железен репертоар“, е основа во градење на програмата на сите позначајни светски театри. Прашањето што се отвора е кои дела спаѓаат во оваа група, односно според кои критериуми се селектирани делата во неа. Круцијалниот критериум е поврзан со сегментот што спаѓа во изведувачкиот пласт. Аналогно на другите сценски изведувачки практики, појдовната фиксирана матрица се моделира и се реализира преку сценскиот текст. Cценскиот текст во балетската, односно во танцовата уметност е изедначен со кореографијата и претставува клучен елемент за класификација на едно дело во групата на класично наследство. Овие претстави се во најголем дел поврзани со кореографската дејност што се одвивала кон крајот на XIX век, доминантно создадена во театрите во Русија. Вториот особено значаен ракурс во третманот на оваа проблематика е начинот на зачувување и трансферирање на кореографијата. Кога станува збор за балетското наследство и третманот на оваа група претстави може да се утврди тенденција за уметничка интервенција на нив, со цел зачувување на танцовите корпуси и осовременување на деловите што се анахрони и застарени.


Publisher: Руски центар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“


Relation: Руски јазик, литература и култура: минато, сегашност, иднина 3



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/16518
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16518
Identifier: 10.5281/zenodo.6046061



TitleDateViews
БАЛЕТСКО НАСЛЕДСТВО: КЛАСИФИКАЦИЈА, СОСТАВ И КАРАКТЕРИСТИКИ202220