Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Имотен брачен режим, заеднички имот, посебен имот, брачен договор


Year: 2019


Type: Article



Title: За потребата од реформи во уредувањето на брачниот имотен режим во македонското законодавство


Author: Ангел Ристов



Abstract: Во трудот авторот го анализира уредувањето на имотните односи на брачните партнери во македонското семејно законодавство, кое нема претрпено позначајни промени со децении и покрај општествените – економски промени, како и промените во бракот и семејството. Во последниве неколку децении, авторот констатира дека, во брачните и семејните односи се случуваат драматични и револуционерни промени кои неминовно ја наметнуваат потребата од промени во застарените законски решенија, кои влечат корени од времето на социјализмот. Лоцирајќи ги бројните правни празнини и проблематични решенија во важечкото законодавство, авторот се залага за потемелно уредување на брачните имотни односи. Притоа, предлага решенија за подобро уредување на посебниот и заедничкиот имот и воведување на брачниот договор со ќе им овозможи на брачните партнери договорно да ги уредат имотните односи на начин кој најмногу ќе одговара на нивните прилики, желби и можности. Со оваа значајна реформа ќе се овозможи, покрај законскиот, постоење и на договорен брачен имотен режим. Доколку овие предлози бидат прифатени од страна на законодавецот во идниот Граѓански законик на Република Македонија, авторот очекува да се подигне степенот на правната сигурност во правниот промет и да се намалат постбрачните имотни тензии, со цел избегнување на мачните и тешки имотни спорови и подобро остварување на заедничкото родителство по разводот на бракот.


Publisher: UGD Faculty of Law Stip


Relation: International Scientific Conference UGD Stip 2019



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/16491
Identifier: EBSCO
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16491



TitleDateViews
За потребата од реформи во уредувањето на брачниот имотен режим во македонското законодавство201923