Home | Repositories | Statistics | About



Subject: нотаријат, нотарски тестамент, нотарски акт, судски тестамент.


Year: 2017


Type: Article



Title: За потребата од уредување на нотарскиот тестамент во македонското наследно право – de lege ferenda


Author: Ангел Ристов



Abstract: Нотарскиот тестамент е еден од најчесто практикуваните тестаменти во Европските држави. Во македонското наследно право, оваа форма на тестамент изречно не е предвидена и покрај тоа што тестаментот составен од нотарот егзистира во правниот живот речиси две децении. Во трудот, авторот прави подробна анализа на законските решенија со цел да докаже дека постојат повеќе разлики помеѓу судскиот и нотарскиот тестамент. Токму формата на нотарскиот акт во која овој тестамент се составува, меѓу другото, е differentia specificae која го прави овој вид на тестамент sui generis, различен од судскиот тестамент. Врз основа на посочените и аргументирани разлики, како и решенијата од споредбеното право, авторот се залага за подробно уредување на нотарскиот тестамент во Граѓанскиот законик на Република Македонија и Законот за нотаријат.


Publisher: Institute Iuridica Prima Skopje


Relation: tom 6;



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/16485
Identifier: EBSCO
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16485



TitleDateViews
За потребата од уредување на нотарскиот тестамент во македонското наследно право – de lege ferenda201713