Home | Repositories | Statistics | About



Subject: наследување, имотни обврски, извршување, наследно-правни реформи.


Year: 2018


Type: Article



Title: Заштитата на правата на доверителите во македонското наследно право:декор или чекор кон владеењето на правото, Охридска школа на правото – 2018


Author: Ангел Ристов



Abstract: Македонското наследноправно законодавство нема претрпено поголеми реформи повеќе од седум децении. Тоа е причината поради која постојното наследно право, во голема мера, се базира на принципите и решенијата од поранешниот социјалистички правен поредок и покрај промените во економскиот, правниот и политичкиот систем. Во услови на пазарна економија кога приватната сопственост има исклучително значење, ваквите решенија создаваат големи проблеми во практиката и во сферата на наследувањето. Старите решенија и правните празнини ја усложнуваат постапката за намирување на доверителите и ја обременуваат оставинската постапка создавајќи правна несигурност. И покрај тоа што законодавецот донесе одредени решенија за заштита на доверителите, тие никогаш не заживеаа во праксата. Поради тоа, евидентна е потребата од донесување на подробни и прецизни законски решенија со цел да се надминат проблемите поврзани со наследувањето на имотните обврски и остварување на правата на доверителите, со цел да не бидат само декор туку чекор кон владеењето на правото.


Publisher: Institute for Legal Economic Research and Education IURIDICA PRIMA


Relation: том 8;



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/16481
Identifier: EBSCO
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16481



TitleDateViews
Заштитата на правата на доверителите во македонското наследно право:декор или чекор кон владеењето на правото, Охридска школа на правото – 2018201822