Home | Repositories | Statistics | About



Subject: сепса
Subject: септичен шок
Subject: прокалцитонин
Subject: предвидување на тежината


Year: 2021


Type: Thesis



Title: "Значењето на висината на серумските концентрации на прокалцитонинот во предвидување на текот и исходот кај пациенти со сепса во корелација со индексите на тежина на болест"


Author: Илир Демири



Abstract: РЕЗИМЕ Вовед. Сепсата е водечка причина за хоспитализација во единиците за интензивна нега, што резултира со висок морбидитет и морталитет. Од витално значење е можноста што побрзо да се идентификува исходот кај болните со сепса. Прокалцитонинот (PCT) е маркер со добар потенцијал за дијагноза на прогресијата и исходот на болните со сепса и септичен шок. Цел. Да се евалуира прогностичкото значење на вредностите и кинетиката на серумскиот прокалцитонин кај критично болните пациенти со сепса и септичен шок. Материјали и методи. Истражувањето беше проспективно, групно споредбено и беше изведено на Одделот за интензивна нега при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Во студијата беа вклучени 100 пациенти на возраст над 18 години со клинички, лабораториско-биохемиски индикатори во прилог на сепса и септичен шок. Истражуваните испитаници понатаму беа поделени во две подгрупи: група на преживеани ‒ 57 пациенти и група на починати ‒ 43 пациенти. Вредностите на PCT беа мерени кај сите пациенти во моментот на прием на клиниката, по 24 и по 48 часа, со помош на Enzyme Linked Fluoroscent Assay (ELFA) на Mini Vidas Biomerieux апарат. Вредностите над 2 ng/ml се сметаат за покачени. Степенот на нарушена функција на органите беше одредуван со Sepsis-related Organ Failure Assessment score (SOFA), индексот, исто така, беше одредуван при вклучување во студијата, 24 и 48 часа подоцна. SOFA-индексот ≥ 2 послужи и за дијагноза на пациентите со сепса. Резултати. Пациентите беа со средна возраст од 54,3 ± 16,8 години. Од женски род беа 32,00 % пациенти, а од машки род 68,00 % пациенти. SOFA-индексот кај сите пациенти беше ≥ 2. Во целиот период на следење, пониски серумски концентрации на прокалцитонин беа измерени во групата преживеани. Согласно со добиените резултати, големината на површината под ROC-кривата (AUC) за прокалцитонин имала вредност од 0,767, што укажува на тест со добра дискриминаторска способност во одделување на пациенти со и без сепса, како и предвидување на тежината и исходот на болеста. Сензитивноста на тестот е 62,5 %, специфичноста е 88 %. Заклучок. Дефинирањето на прокалцитонинот како маркер со добра дискриминаторска способност во одделување на пациентите со и без сепса, како и предвидување на тежината и исходот на болеста, ќе има сигнификантна импликација за спроведување на соодветен тераписки протокол, а со тоа и подобрување на исходот и намалување на морталитетот од оваа болест, што е и основната придобивка на оваа дисертација.


Publisher:


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/16434
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16434



TitleDateViews
"Значењето на висината на серумските концентрации на прокалцитонинот во предвидување на текот и исходот кај пациенти со сепса во корелација со индексите на тежина на болест"202132