Home | Repositories | Statistics | About



Subject: цервикобрахијален синдром
Subject: неврогена болка
Subject: не неврогена болка
Subject: цервикален сегмент од `рбет
Subject: „whiplash“
Subject: магнетна резонанца
Subject: Т2


Year: 2021


Type: Thesis



Title: УЛОГАТА НА МАГНЕТНАТА РЕЗОНАНЦА ВО ОДРЕДУВАЊЕ НА ПАТОГЕНЕЗАТА НА РЕФРАКТОРНАТА БОЛКА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ


Author: Петар Јаневски



Abstract: Цели на истражувањето: Да се прикаже на патолошките промени на магнетна резонанса кај симптоматски пациенти со цервикобрахијален синдром и да се испита јачината на нивната болката. Методологија на истражувањето: Истражувањето се спроведе на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија - Скопје. Како извор на податоци се користеа МР прегледите на цервикалниот сегмент од `рбетот и податоците добиени од прашалникот дизајниран за потребите на истражувањето за истите испитаници. Истражуваната група ја сочинуваат испитаници на возраст од 18 до 80 години со работна дијагноза цервикобрахијален синдром или цервикална радикулопатија, упатени на Универзитетскиот институт за радиологија во Скопје, за МР преглед на цервикалниот сегмент од рбетот. Големина на примерокот: 130 испитаници, поделени во две групи. Едната група ја сочинуваат испитаници кои имаат неврогена етиологија на болката, додека другата група е сочинета од испитаници со неневрогена етиологија на болката. Резултати: Половата структура на испитаниците ја сочинуваа 61.5% пациенти од женски и 38.5% од машки пол, со просечна возраст од 44 години. Просечниот скор за болка изнесуваше 7,1. Кај 70% од испитаниците се јавува дехидратација на и.в. диск, надув на и.в. диск кај 40%, протрузија кај 28.5%, а екструзија кај 23.1% од испитаниците. Стеноза на централниот спинален канал се јавува кај 29.2% од испитаниците. Спондилоартроза се јавува кај 40%, фасетна артроза кај 22.3%, а кај 10% од испитаниците се дијагностицирани Модич промени, најчесто локализирани на нивото Ц6 - Ц7 од кои кај 5.4% се тип 1, а кај 4.6% тип 2. Спондилоартроза и фасетна артроза најчесто се јавува на нивото Ц5/Ц6, надув на нивото Ц4/Ц5, протрузија на нивото Ц5/Ц6 и Ц4/Ц5, додека екструзија и спинална стеноза најчесто се јавува на нивото Ц5/Ц6. ⅓ од испитаниците имаат не неврогена етиологија на болката и се сигнификантно помлади од испитаниците со неврогена етиологија на болка, од кои 71% се жени. Сите видови на дегенеративни промени на цервикалниот сегмент од ‘рбет најчесто се јавуваат на нивото Ц5/Ц6. Испитаниците со спондилоартроза и фасетна артропатија сигнификантно почесто дале анамнестички податок дека имале сообраќајна незгода во некој период од животот. Кај овие пациенти почесто се јавува екструзија на и.в. диск од протрузија. Т2 пулс секвенцата со супересија на маст во сагитална рамнина има улога во дијагностиката на фасетен артритис, перинеурални (Тарлов) цисти, како и диференцијација на Модич тип 1 од Модич тип 2 промени на терминалните плочи. Заклучок: Припадничките на женскиот пол имат поголем ризик од појава на дегенерација на и.в. диск и дискус хернија. Вратната болка од не неврогена етиологија сигнификантно почесто се јавува кај жените и кај младите. Неврогената болката е несигнификантно посилна од не неврогената болка. Сите видови на дегенеративни промени на цервикалниот сегмент од ‘рбет најчесто се јавуваат на нивото Ц5/Ц6. „Whiplash“ повредите предизвикуваат цервикална спондилоартроза и фасетна артроза. Т2 пулс секвенцата со супересија на маст во сагитална рамнина има дијагностична вредност.


Publisher:


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/16272
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16272



TitleDateViews
УЛОГАТА НА МАГНЕТНАТА РЕЗОНАНЦА ВО ОДРЕДУВАЊЕ НА ПАТОГЕНЕЗАТА НА РЕФРАКТОРНАТА БОЛКА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ202133