Subject: Населено место, заштитен насип, стабилност на косини, слегања
Year: 2017
Type: Article
Title: Геотехнички аспекти на проектирање на насип за заштита од поплави во сливот на реката Неретва
Author: Ljubenkov, Igor
Author: Papić, Jovan
Author: Strašeski, Atanas
Abstract: Малото населено место Крвавац во Р. Хрватска често е плавено, поради што е подготвена програма за проектирање на заштитен хидротехнички насип. За таа цел извршени се геотехнички истражувања со кои е увидено дека нивото на подземна вода е речиси на површина на терен и дека во основата има различни материјали, помеѓу кои и некои со прилично слаби карактеристики. Во таа насока, по усвојувањето на меродавен пресек и почитувањето на геотехничките параметри, извршени се анализи на стабилност на косини, со кои е позициониран геосинтетичкиот водонепропусен елемент, пресметани се слегањата на насипот за различни временски периоди и дадени се предлози за нивно намалување, со оглед на неповолното искуство на инвеститорот во тој поглед токму во сливот на Неретва. Истите ќе бидат темелно објаснети во рефератот, со што, покрај останатото, би се дал придонес и кон подигањето на свеста на надлежните институции во Р. Македонија за значењето и благовремено инвестирање во проектирање и изведување на заштитни хидротехнички насипи, без оглед на големината на штитеното место, особено имајќи ги во предвид стихијните временски прилики во регионот.
Publisher:
Relation: Четврти Конгрес за брани
Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/1542
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1542